Руски проектили погодија акумулација во близина на јужниот украински град Кривји Рих

Руски проектили погодија акумулација во близина на јужниот украински град Кривји Рих, соопштија официјални лица.

На жителите во близина на акумулацијата им било кажано да се евакуираат,

Украинските власти рекоа дека нападот бил одмазда на Русија за нејзиниот неодамнешен контранапад.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски - кој е по потекло од овој град - ја опиша Русија како „терористичка држава“ по нападот на акумулацијата Карачунивске.

„Вие сте слаби луѓе кои се борат против цивилите“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.Според него резервоарот „нема никаква воена вредност“.Водоснабдувањето беше погодено од нападот во градот,водата ја проби браната и се излеа од бреговите на реката, поплавувајќи некои куќи, соопштија властите.Ова беше очигледна одмазда за неодамнешните воени успеси на Украина во брзата контраофанзива во североисточниот регион Харков во земјата. Украинската армија поврати делови од окупираната територија, принудувајќи ги руските трупи да се повлечат.

Москва јавно не ги коментираше пријавените ракетни напади.

Руската војска претходно призна дека погодила цели што генерираат енергија, што предизвика прекинување на струјата што погоди милиони луѓе во источна украина минатиот викенд.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер