Руски лек за вечна младост, ќе живееме 120 години !?

Во Русија веќе се достапни лекови кои го продолжуваат животот, останатиот дел од Европа и светот треба да ги прифатат овие лекови во следните три години.


Животниот век на луѓето би можел да се продолжи дури за 40 години, тврди угледниот професор од Институтот за биорегулација и геронтологија во Санкт Петербург, Владимир Хавинсон, пренесува Спутник.

Професорот Хавинсон истакнува дека во Русија веќе се достапни шест лекови кои ќе ни овозможат да живееме четири децении подолго.
Лековите се засновани на т.н „теорија на пептидна технологија“ која во интеракција со ДНК го зголемува производството на протеини, што го продолжува животниот век .
„Експериментите на животните покажаа дека воведувањето на пептидните препарати го продолжуваат животот за 30 до 40 проценти во однос на контролната група. Пептидите го засилуваат имунитетот и го обновуваат ендокринолошкиот систем, вели професорот Хависон за „Спутник“.

Угледниот професор воедно објаснува дека дејството на лековите е потврдено во 25 клинички експерименти.

-Се работи за комплекс од пептиди. Тоа се лекови кои се веќе патентирани и регистрирани во Русија.

„Комплексот од пет медицински препарати овозможува да се продолжи живото и да се подобри неговиот квалитет, вели Хавинсон.

Според наводите на професорот , утведено е дека овие препарати кај луѓето доведуваат до намалување на стапката на инфаркт и мозочен удар за околу два пати.
-Пептидите се природни средства составени од аминокиселини. Терапијата би требало да се примени само исклучиво по консултација со лекар и не пред 35 година од животот, но не ниту после 40 годишна возраст.

Овие препарати всушност потекнуваат уште од времето на СССР , во современа Русија се унапредени и се наоѓаат на списокот на регистрирани лекови во земјата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер