ЗабаваРуска мисица се омажи за двојно постар крал и премина во Ислам (ФОТО+ВИДЕО)Поранешната Мис на Москва, 25 годишната Оксана Војеводина минатата недела стана прва дама на Малезија , откако се омажи за 49 годишниот крал Мухамед V .Младата Русинка неколку месеци пред венчавката мораше да премине во Ислам , додека самата свадба се одржа во Москва. Војеводина ја доби престижната титула Мис на Москва во 2015 година , а потоа работела како модел во Кина и во Тајланд. Најверојатно таму и ја забележал кралот на Малезија , така што сега Оксана се вика Рихана. Пред венчавката таа раскажа и за својот живот. ,,На училиште бев малку немирна.сакав заедно со машките да возам скејт или велосипед .” А потоа дојде делот од интервјуто , кое предизвика реакции. ,, Мислам дека мажот мора да биде глава на семејството . И да, мора да заработува повеќе отколку жената.” На самата венчавка во Москва била послужувана ,,халал” храна и безалкохолни пијалоци . Кралот е облечен во традиционална облека , додека невестата е во класичен фустан. Малезиските медиуми објавуваат уште еден детал за својата нова кралица. Таа најверојатно била веќе мажена , за што говори и фактот дека во текот на манекенската кариера го користела презимето Горбатенко. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на теренУтрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема.Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори. Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа. Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори. Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола. Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден. Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа. Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до СкопјеОд 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје. Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот и терминот на поаѓање, а новиот возен ред ќе важи до 31 декември 2026 година. Железничката врска треба да им го олесни секојдневното патување кон Скопје на жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места, особено доколку поаѓањата бидат добро поврзани со останатиот градски превоз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државатаПоминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници.Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна вода Гостивар. Крушево. Валандово. Свети Николе. Демир Капија. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. Сушица. Зубово. Дражево. Борисово. Колешино. Ново Коњарево. Порој. Џепчиште. Речица. И во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење. Загадување се појави во четири реки меѓу кои Лепенец и Вардар. Цела Македонија остана без безбедна вода за пиење. А одговорен - сè уште нема. Ниту еден. Нема ниту резултат за водата. Не е објавен документ ниту за водата во Гостивар ниту за други населени места. Доста беше молк. Објавете ги документите, граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат. Кој ќе одговара за системско труење на државата?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook