Русите решија: Се повлекуваме од Меѓународната вселенска станица

Русија објави дека ќе се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS) по 2024 година за да се фокусира на изградба на сопствена орбитална станица.

Јуриј Борисов, кој беше назначен за шеф на руската државна вселенска компанија Роскосмос претходно овој месец, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги исполни своите обврски кон другите партнери пред да се откаже од проектот.

Борисов рече дека „одлуката за напуштање на станицата по 2024 година е донесена“.

Русија не ја известила НАСА за нејзината намера да се повлече од Меѓународната вселенска станица во 2024 година, изјави висок претставник на агенцијата. Новиот руски шеф за вселенски истражувања претходно тврдеше дека Москва планира да се повлече од дводецениското вселенско партнерство.

Односите меѓу Русија и НАСА се влошија откако тројца руски космонаути се појавија на почетокот на оваа година со знамињата на непризнаените отцепени држави кои ја окупираа источна Украина додека беа на ISS. НАСА објави соопштение во кое се вели дека агенцијата силно се противи на руската употреба на Меѓународната вселенска станица за политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

притисни ентер