Русите признаа: Украинците се сѐ поблиску до Луганск

Бојното поле на истокот на Украина се доближува до територијата окупирана од проруските сепаратисти на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), изјави денеска еден од командантите на армијата на ЛНР за руската прорежимска агенција ТАСС.

Руските сили заедно со сепаратистите пред неколку месеци презедоа целосна контрола врз целиот Луганск, еден од двата источни региони што го сочинуваат Донбас. Прокламираната цел на Русија беше да го преземе целиот Донбас.

Но, минатонеделната молскавична украинска контраофанзива ги турна руските сили кон исток и го донесе фронтот во близина на границата на самопрогласената ЛНР, призна денеска сепаратистичкиот командант Андреј Марочко.

Еден ден по повлекувањето на украинските сили од Лисичанск, рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во тој регион. Во текот на јуни и јули се водеа жестоки битки за двата важни града во Луганск, Северодонецк и Лисичанск.

Во последните денови се појавија непотврдени информации за борби во Кремина, едно од селата што Русија ги зазеде во првите денови од битката за Донбас.

Серхи Хаидаи, украинскиот гувернер на регионот Луганск, рече дека Русите сè уште го контролираат Кремина: „Окупаторите се вратија во Кремина и ги симнаа украинските знамиња што ги поставија нашите партизани. Русите се обидуваат да остават впечаток дека имаат цврсто упориште на населбата“.

„Го исклучија интернетот во сите окупирани области за луѓето да не можат да ни достават информации. Во Луганск нема да има фактор на изненадување, луѓето мора да бидат трпеливи. За жал, утре нема да бидеме во Луганск, но наскоро ќе бидеме“. - изјави Хајдај.

„Во регионот Луганск веќе формиравме регионален штаб за деокупација на нашите територии. Подготвуваме сè за враќање дома (судски органи и агенции, служби за итни случаи, пошта, здравство...) со цел брзо да се врати животот во заедниците“, изјави украинскиот гувернер на Луганск.

„Нема да има вакуум што се однесува до администрацијата. Прво, повторно ќе ги воспоставиме мобилните комуникации и интернетот, а потоа и останатата клучна инфраструктура, во зависност од тоа колку е оштетена. Само чекаме на нашата армија“, заклучил Хајдај.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер