3ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
СветРусите на фронтот заробиле австралиски наставник, објавена е снимка како го тепаат (ВИДЕО)Руските трупи во Украина го фатија Оскар Џенкинс (32), наставник по биологија од Австралија, кој се борел во Украинската легија на странци, единица составена од државјани на странски земји.На социјалната мрежа Телеграм е објавено видео од неговото фаќање и испрашување, при што бил физички малтретиран, пренесува „Дејлимејл“. На видеото се гледа како Џенкинс е врзан и принуден да клекне пред руските војници кои го заробиле. Зборувајќи на мешавина од англиски и полуукраински, неговиот затворски чувар му удри шлаканица додека бараше одговори на прашањата поставени на руски. „Од каде си?“ го праша војникот. Не разбирајќи го, Џенкинс изгледаше збунето пред неговиот киднапер повторно да му удри шлаканица. „Зборувај побрзо“, нареди рускиот војник. Кога го прашале за неговата националност, Џенкинс одговорил: „Јас сум Австралиец“. Облечен во униформа, со валкано лице, Џенкинс беше испрашуван зошто се наоѓа во Краматорск, речиси 700 километри источно од Киев. Рускиот војник побара да знае дали Украина му плаќа да се бори. Според рускиот кривичен законик, заробените странски платеници можат да бидат осудени на затворска казна до 15 години. Австралискиот премиер Ентони Албанес веста за апсењето на австралиски државјанин ја нарече „вознемирувачка“. 🇦🇺 A biology teacher/student from Australia was captured by our soldiers in the SVO zone. 32-year old Oscar Jenkins fought on the side of the Armed Forces of Ukraine. He couldn't explain what and why he was doing there and what he wants. - FRWL pic.twitter.com/uMREMRPeg7 — Zlatti71 (@Zlatti_71) December 22, 2024 „Нашата амбасада во Москва работи, а дополнително, Министерството за надворешни работи и трговија исто така работи на овој случај. Ние секогаш се грижиме за Австралијците. Работа на австралиската влада е да застане во одбрана на австралиските граѓани“, рече премиерот. Кремљ, наводно, води речиси 600 кривични постапки против странски борци, главно државјани на САД, Грузија, Велика Британија, Канада, Литванија и Латвија. Се верува дека неколку десетици Австралијци се борат на украинскиот фронт против Русија, но федералната влада не можела да даде прецизни бројки. "Моето име е Оскар Џенкинс, имам 32 години. Живеам во Австралија и Украина", изјавил Џенкинс. Дипломирал во 2010 година, студирал биомедицински науки, а потоа заминал во Кина во 2015 година. Од 2017 година работел како предавач на Универзитетот Тијанџин. Не е јасно кога ја напуштил Кина и колку долго се бори со украинските сили на фронтот. Снимката од сослушувањето на Оскар Џенкинс прв ја споделил Александар Сладков, руски пропагандист и воен дописник на ТВ каналите Русија 1 и Русија 24. Тој рече дека Австралиецот сега ќе биде изведен пред лицето на правдата и во затвор, додавајќи дека Русите активно бараат странски борци, потенцијално за размена со затвореници. Тој рече дека украинските единици биле означени како цели доколку се слуша странски јазик во радио комуникацијата. На прашањето на неговиот иследник како е платен, Џенкинс рече дека му биле исплатени во украински гривни на сметка на ПриватБанк, најголемата банка во Украина. Според веб-страницата за регрутирање на Украинската Легија на странци, месечната плата одговара на онаа на еден војник во редовните украински единици, од приближно 600 американски долари месечно за единиците кои не се на фронтот до 3.300 американски долари месечно додека се на борбена мисија. Најмалку осум Австралијци загинале откако војниците на Владимир Путин ја започнаа инвазијата во февруари 2022 година, вклучувајќи ги Џоел Бенџамин Стремски, Брук Гринвуд и Метју Џепсон. Сепак, Џенкинс е првиот Австралиец за кого е познато дека бил заробен на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичментАмериканскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент.Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент поради неговите постапки во врска со војната во Иран и американските воени операции во други земји „Добро, тој доби две војни. Не знам како може да покренете постапка за импичмент против него. Што ќе кажете за импичмент на одговорните за војните во Виетнам, Авганистан, Ирак и сите останати, кога војувавме бескрајно, а ништо не постигнавме “, изјави Трамп, додавајќи дека ќе го поддржи Хегсет доколку Конгресот одлучи да го отстрани од функцијата. Претходно вчера, конгресменот Томас Маси предложи гласање за импичмент на министерот за одбрана. Предлогот на републиканскиот конгресмен беше поднесен веднаш по отворањето на првата седница на Претставничкиот дом по меѓуизборите. Тој главно се однесува на постапките на Хегсет во врска со војната во Иран, но ги опфаќа и неговите постапки во рамките на американските воени операции во Јемен и Венецуела. Маси оцени дека дејствијата на министерот претставуваат „тешки престапи и прекршоци“ и дека начинот на кој тој раководи со Пентагон ги исполнува условите за покренување постапка за импичмент. Гласањето во Претставничкиот дом би можело да се одржи во средината на неделата, со што дополнително ќе се зголеми притисокот врз републиканците, од кои многумина го посочија конфликтот во Иран како една од причините за изборниот неуспех. Сепак, натамошниот тек на постапката останува неизвесен. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се обиде да го спречи гласањето, предупредувајќи ги пратениците дека не треба да покренуваат постапка за импичмент против министерот за одбрана додека траат американските воени операции на Блискиот Исток. „Покренувањето постапка за импичмент против член на администрацијата токму сега, особено против министерот за одбрана додека се водат воени операции во странство, би испратило ужасна порака. Тоа би било нешто што нашите сојузници и противници би го виделе“, изјави Џонсон на почетокот на седницата. Се очекува повеќето демократи во Претставничкиот дом да ја поддржат постапката за импичмент на Хегсет. Лидерот на демократското малцинство, Хаким Џефрис, во текот на викендот изјави дека е време министерот за одбрана да ја напушти функцијата. Доколку предлогот добие поддршка во Претставничкиот дом, постапката ќе продолжи во Сенатот. Републиканците сè уште имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, сè до јануари, кога новоизбраните членови ќе положат заклетва, а демократите ќе ја преземат контролата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички составиЗдружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок. „Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија. По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката. Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз. Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз. Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво. Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе. Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook