Русинка со отровен чизкејк се обидела да ја убие својата двојничка - Канал 5

Русинка со отровен чизкејк се обидела да ја убие својата двојничка

Русинка која живее во Њујорк е прогласена за виновна за обид да ја убие својата двојничка.

Русинка со отровен чизкејк се обидела да ја убие својата двојничка

Викторија Насирова се обидела да ја убие својата козметичарка Олга Циук во 2016 година давајќи ѝ парче чизкејк отруен со силни седативи. Сепак, козметичарката преживеала, а кога се вратила од болница открила дека ѝ биле украдени личните документи.

Казната ќе биде објавена следниот месец, а на Насирова ѝ се заканува затворска казна до 25 години. Насирова и Чиук изгледале доста слично во моментот на обидот за убиство, бидејќи и двете имале темна коса и сличен тен и зборувале руски. „Поротата ја виде измамата на обвинетата“, рече окружниот обвинител на Квинс, Мелинда Кац.

„За среќа, нејзината жртва преживеа и отровот доведе директно до виновникот“, додаде Кац. За време на судењето било откриено дека Насирова, која сега има 47 години, отишла во куќата на својата козметичарка во Квинс со кутија со чизкејк. Таа самата изела две парчиња, а третото, отровно парче ѝ го понудила на козметичарката, која тогаш имала 35 години.

Чиук изела парче торта и после тоа почнала да повраќа. „Пред да се онесвести, последното сеќавање на жената беше дека ја видела обвинетата како шета низ нејзината соба“, стои во изјавата на обвинителот, пишува Би-би-си.

Чиук била пронајдена во несвест од нејзина пријателка следниот ден. Носела само долна облека, а околу неа биле расфрлани апчиња за да се остави впечаток дека се обидела да си го одземе животот.

Кога конечно се опоравила и се вратила дома, забележала дека ѝ недостасуваат украинскиот пасош и американската работна дозвола, заедно со накитот и околу 4.000 долари во кеш. Во остатоците од чизкејкот е пронајден феназепам, силен седатив, а потврдено е дека и таблетите на подот се феназепам.

Насирова, која живее во Бруклин, вчера беше осудена за обид за убиство, напад и незаконско лишување од слобода. Ова не е првпат таа да има проблеми со законот. Во 2015 година, Интерпол издал црвена потерница по неа за убиство на жена во Русија една година претходно.

Таа била обвинета за убиство на нејзината сосетка Ала Алексенко и кражба на нејзината животна заштеда. Насирова, за која американските медиуми јавуваат дека е поранешна домина, е обвинета и за дрогирање и ограбување на мажи кои ги запознала на веб-страниците за запознавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Растот на градежништвото охрабрува, очекуваме позитивно влијание врз БДП

Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира.

Мицкоски: Растот на градежништвото охрабрува, очекуваме позитивно влијание врз БДП

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење.

„Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30% во делот на издадени одобренија за градење. Но, исто така, она коешто нас посебно нѐ охрабрува е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото, којашто исто така е над 30% споредено со истиот период од минатата година. Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата.“

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ — истакна:

„Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата: еден од нив е јавниот долг, а втор е БДП. Со БДП можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто-јавниот долг е практично колку сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Што е заклучокот? Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: за трипати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи, за 120 милиони евра БДП за овие две години е поголем отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа, јавниот долг е зголемен за нешто помалку од трипати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за трипати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови — три спрема еден. Отприлика таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да. Но, имајќи предвид дека до пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме на прво или второ место кога станува збор за овие параметри.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Славен модел во секси бикини

Една од најубавите жени на светот во последните две децении, славниот модел Алесандра Амброзио ужива во друштвото на своето момче, но и на својот омилен терен, играјќи одбојка на песок и предизвикувајќи воздишки со својот нестварен изглед.

Фото: Славен модел во секси бикини

45 годишната Алесандра Амброзио ја покажа својата завидна фигура во провокативно сино-бело бикини додека уживаше на плажа во Лос Анџелес во неделата.

Неодамна, нејзиното момче Бак Палмер ја запроси оваа заводлива Бразилка, а таа набрзо се пофали со фотографии на кои се гледа скапоцен прстен.

Позната и како љубителка на одбојка на песок, Алесандра набрзо му се врати на своето хоби и уживаше во играта на теренот со пријателите.

Таа ја покажа својата атлетска страна, истакнувајќи го затегнатиот стомак и долгите, извајани нозе додека играше одбојка во сини шорцеви со висок струк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мадона предизвика хаос во Грција: Поради нејзината посета се затвораа улици, таа посети манастири и кршеше чинии

На грчкиот остров Крф, светската музичка ѕвезда, кралицата на попот Мадона го прослави својот роденден во придружба на обезбедување и со посета на манастир.

Фото: Мадона предизвика хаос во Грција: Поради нејзината посета се затвораа улици, таа посети манастири и кршеше чинии

Американската поп-ѕвезда Мадона го прослави својот 68-ми роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, поради што улиците во селото беа привремено затворени.

Славната пејачка вечераше со семејството и пријателите во традиционална таверна со ребетико музика и грчки специјалитети, до која пристигнаа во црни комбиња придружувани од обезбедување, пренесува „Прототема“.

Според мештаните, од жителите било побарано да ги затворат прозорците од своите куќи за да се обезбеди приватноста на пејачката.

Мадона седеше во градината на ресторанот, а во текот на вечерта беше изведена песната „O pio kalos o mathitis“ од Јоргос Замбетас, додека прославата беше заокружена со традиционалното кршење чинии.

Пред вечерата, Мадона планираше да ја посети црквата на Богородица во Курамадес, која беше отворена специјално за неа; сепак, поради големиот број луѓе собрани во селото, пејачката се откажа од посетата и одлучи да остане само на роденденската вечера.

Неколку дена пред нејзиниот роденден, Мадона престојуваше во Метеори, каде што пристигна со хеликоптер од Крф во придружба на група од околу 12 луѓе, меѓу кои беа нејзиниот син и нејзиниот 30-годишен партнер.

За време на тричасовната посета, таа го разгледа манастирот Варлаам, кој беше отворен исклучиво за нив, и разговараше со игуменот Венедикт, од кого – според зборовите на монахот – побара духовни совети и се распрашуваше за бројаницата што тој ја држеше во раката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер