Русин си го убил пријателот,кој му ја силувал ќеркичката- го натерал сам да си го ископа гробот

Русинот кој признал дека го убил својот долгогодишен пријател, за кого се верува дека ја силувал неговата шестгодишна ќерка, го натерал самиот да го ископа сопствениот гроб, а потоа го прободел во градите, пишува британски Мирор.

Според полицијата, педофилот Олег Свиридов (32) на својот мобилен телефон чувал снимки на кои се гледа како злоставува неколку деца во селото Винтаи во рускиот регион Самара.

Работникот во фабрика за ракетни мотори, Вјачеслав М. (34), се пиел со Свиридов, кога видел снимка на мобилниот телефон на која се гледа како ја силува неговата ќерка, која сега има девет години.

Го нападнал Свиридов, кој набргу избегал. Педофилот бил близок пријател на семејството на Вјачеслав и знаел како да се приближи до малото девојче во неколку наврати, сексуално злоупотребувајќи ја.

Вјачеслав ги пријавил силувањата во локалната полиција, која започнала потрага по Свиридов, но таткото успеал да го најде пред полицијата и го избодел со нож. Таткото и рекол на полицијата дека се скарал со Свиридов во шумата и дека тој „налетал на нож“ за време на расправијата.

Тој рекол дека немал намера да го убие. Наводно, Вјачеслав им рекол на пријателите дека го натерал Свиридов да ископа гроб за да го исплаши, но потоа и рекол на сопругата дека Свиридов се обидел да го прободе, принудувајќи го да му возврати со лопата.

Телото на педофилот било пронајдено во близина на селото, повеќе од една недела откако Вјачеслав ја видел снимката на неговиот мобилен телефон. Полицијата го уапсила таткото и започнала истрага за целиот случај.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер