НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
1НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЖивотРусин се докажува пред полицијата: Сите мислат дека е тинејџер,а има 33 години(ВИДЕО)Иако изгледа како тинејџер, Денис Вашурин, според неговиот извод, е роден во 1987 година, пренесува Одити Централ.Денис стана една од најинтересните теми на руските социјални мрежи по интервјуто за популарниот канал на ЈуТјуб ,,Васја На Сене”. И тој самиот признава дека секогаш кога ќе им ја открие својата возраст на луѓето, секогаш остануваат во неверување. Затоа претпочита да живее во мало село во рускиот регион Краснојарск, наместо да се пресели во град. Секој го познава таму, и тој може да помине време правејќи го она што го сака - лов, риболов - и да биде со својата девојка. View this post on Instagram #август2020#отпуск#лето2020#море#summer2020☀️ A post shared by Денис Вашурин (@denvashurin125) on Aug 17, 2020 at 3:56am PDT Во едно интервју, Денис откри дека неговите родители многу рано забележале дека тој не е како другите деца. Тој секогаш бил најмлад од неговите врсници, но тоа не му пречело на почетокот. Но, како што стареел, разликата меѓу него и другите деца на неговата возраст станувала се поочигледна, а во тинејџерските години се чинело како да престанал да старее. На фотографија од средно училиште, тој изгледа како дете меѓу своите врсници. „Кога сфатив дека веќе нема физички да се менувам, на почетокот се чувствував малку непријатно“, рече Денис. „Размислував за тоа како ќе биде, како ќе се одвива мојот живот, дали ќе ми биде тешко. Иако успева да води повеќе или помалку нормален живот, и покрај неговиот необичен изглед, Вашурин признава дека понекогаш мора да објасни и да ја докаже својата вистинска возраст. Тој се сеќава дека еднаш бил запрен од сообраќајна полиција и се сомневале дека ја фалсификувал возачката дозвола. Откако ги потврдил годините, сообраќајниот полицаец започна да се шегува за тоа колку изгледа млад. View this post on Instagram #городуморя🌊 A post shared by Денис Вашурин (@denvashurin125) on Jul 26, 2020 at 9:35pm PDT „Зошто морам ова некому да му го објаснувам? се прашува 33-годишникот. Денис вели дека дури и оние што ги познава го прашуваат дали се чувствува толку млад колку што изгледа, но тој вели дека и покрај младешкиот изглед, неговото тело старее исто како и на другите луѓе на негова возраст. Што се однесува до неговата личност, неговите пријатели и девојката го викаат дедо. „Досаден сум, тврдоглав сум, летаргичен сум, како мечка за време на хибернација“, објаснува Денис низ смеа. View this post on Instagram Что такое осень-это небо, Плачущее небо под ногами. В лужах разлетаются Птицы с облаками. Осень, я давно с тобою не был. A post shared by Денис Вашурин (@denvashurin125) on Oct 22, 2019 at 3:03am PDT Тој е во врска со својата девојка веќе четири години. За среќа, тие се познаваат подолго време, па тој не морал да и докаже колку години има. Иако е свесен дека за многумина неговиот младешки изглед може да изгледа шокантно, тој бара да не му се суди само преку неговиот изглед. View this post on Instagram Не хотел домой возвращаться.😒 Ну хоть погода порадовала,можно и покупаться и позагорать. A post shared by Денис Вашурин (@denvashurin125) on Aug 1, 2019 at 3:45am PDT „Не можете да го живеете мојот живот“, рече тој. "Не знаете како би живееле во моето тело, во мојата ситуација, каква личност би станале. Затоа, не судете". Денис не открива дали некогаш посетил лекар за неговата состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44