Русија: Се повлековме од Змискиот остров, што ќе кажат сега Киев и ОН! - Канал 5

Русија: Се повлековме од Змискиот остров, што ќе кажат сега Киев и ОН!

 Руската армија ги заврши задачите на Змискиот остров и го повлече гарнизонот стациониран таму, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Русија: Се повлековме од Змискиот остров, што ќе кажат сега Киев и ОН!

„Со ова и покажавме на меѓународната заедница дека Русија не ги попречува напорите на ОН за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од територијата на Украина“, се вели во соопштението.

Оваа одлука според Русија сега го спречува Киев да шпекулира на тема криза со храна, наведувајќи ја неможноста за извоз на пченица поради целосната контрола на Русија врз северозападниот дел на Црното Море.

„Сега топката е на украинската страна, која сè уште не го исчистила од мини својот црноморски брег, како и водата во пристаништата“, се додава во текстот.

Министерството додаде дека украинската страна сега мора да го исчисти брегот на Црното Море, вклучително и пристанишните води, од мини за да продолжи со снабдувањето.

Според „Гардијан“, Киев претходно најави дека нема да ги расчистува водите околу своите пристаништа бидејќи мините се потребни како одбранбена мерка против руската Црноморска флота, која се приближува до украинскиот јужен брег и врши напади врз Одеса и Николаев.

Портпаролот на Министерството Игор Конашенков предупреди дека оваа одлука ги спречи „инсинуациите на Киев за претстојната криза со храна“, како и тврдењата дека извозот на жито е невозможен бидејќи Русија има целосна контрола врз северозападниот дел на Црното Море.

Со окупацијата на Змискиот остров, Русија целосно ги блокираше украинските пристаништа на Црното Море, што практично го запре извозот на жито во Турција и Грузија, како и транспортот на стока од Одеса преку Босфор до Средоземното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 години

Најплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Софија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 години

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години.

Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели.

На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег.

Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание.

Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува

Легендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.

Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил  бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува.

Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син.

Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена.

Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема.

Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства.

Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод.

За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх.

Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

Општина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.

Герасимовски: Санација на покривот на  „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег.

По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето.

Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер