Русија повика на евакуација од источниот брег на Дњепар

Проруските власти во јужна украинска област Херсон денеска објавија дека ќе започнат со евакуација на лицата со намалена подвижност од окупираниот град Каховка, дел од поширокото раселување на цивилите од источниот брег на реката Дњепар.

Русија минатиот месец го напушти западниот брег - вклучувајќи го и градот Херсон - во едно од најголемите повлекувања во војната во Украина.

Повлекувањето значи дека широкиот Дњепар сега е првата линија на војната на југот на земјата, бидејќи двете страни разменуваат жесток оган од нивните позиции на спротивните брегови.

Управата на Каховка, назначена од Русија, објави дека неподвижните луѓе ќе бидат однесени во областа Хеническ на југоисток. „Грижете се за себе и за вашите најблиски! се вели во објавата на Телеграм во која властите ги охрабруваат луѓето да се пријават за евакуација.

Пред да се откаже од Херсон, Русија евакуираше десетици илјади жители во операцијата што Украина ја опиша како присилна депортација. Властите во Херсон сега ги повикуваат луѓето да напуштат делови од источниот брег, ветувајќи им на оние што го прават тоа дека ќе бидат згрижени на друго место.

СЗО: Ковид-19 и натаму претставува глобална јавно здравствена криза

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации.

Пандемијата е веројатно во „преодна точка“, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици“, се наведува во соопштението на СЗО.

СЗО пред три години го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Во пандемијата, во сите делови на светот од заразата починаа повеќе од 6,8 милиони лица, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.

Со пристигнувањето на вакцините и соодветните третмани во 2020 година ситуацијата со пандемијата почна полека да се менува, наведуваат британските медиуми.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против инфекцијата.

Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година соопштија дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста околу бранот на инфекции во Кина, која на крајот на 2022 година ги укина своите строги мерки за „нулта толеранција од Ковид-19“.

Муцунски: Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа

Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

Проект, кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овoj проект по инацијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.

“Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа. Реализираме проекти кои за дечињата значат многу. Сега родителите веќе не треба да водат грижа, затоа што дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. Откако беше обновена фасадата на училиштето и извршена оваа реконструкција, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да започне и доградба на училишната зграда. Со тоа, ќе го зголемиме капацитетот на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, истакна градоначалникот при посетата на основното училиште.

Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.

Со овој проект уште еднаш покажавме дека инвестициите во објекти наменети за децата се исклучително важни. Сите механизми на општината се ставени на на располагање за дечињата да спортуваат и рекреираат во модерни објекти каде има соодветни услови за нивен раст и развој. Новиот начин на управување, одговорното и транспарентното работење и пренамената на непродуктивните трошоци кон проекти за нашата иднина се уште еден доказ за нашата намера дс го направиме Аеродром поубава општина за сите генерации.

Влада: Произведени 21.229 MWh електрична енергија

21.229 MWh електрична енергија, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и дополнителните снабдувања.

АД ЕСМ на 29.01.2023 година произведe 21.229 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, соопшти владината прес-служба.

Во Термоелектраните произведени се 14.085 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.144 MWh.

притисни ентер