3 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос
ТехнологијаРусија: По две одложувања конечно лансирана ракетата Ангара А5Ракетата од тешка класа „Ангара-А5“, чие лансирање беше двапати одложувано, денеска беше успешно лансирана од космодромот „Восточни“.Лансирањето беше извршено според планот во 12:00 часот по московско време, јавија руските медиуми. По 12 минути и 26 секунди, горната етапа Орион се одвои од третата етапа на ракетата, по што во орбитата ќе лансира пробен товар. Првото лансирање на оваа ракета од Восточни првично беше закажано за 12:00 часот по московско време на 9 април, но беше откажано две минути пред лансирањето. Причината беше дефект на системот за надополнување на резервоарот за оксидатор на централната единица. Обид за лансирање имаше и вчера, но ситуацијата се повтори. Како што изјави за новинарите генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос Јуриј Борисов, вчера ракетата не била лансирана поради дефект на системот за контрола на стартување на моторот. Државната комисија денеска одобри полнење гориво и лансирање на ракетата во 12:00 часот по московско време. Инфраструктурата за лансирање на ракети Ангара на космодромот Восточни е во изградба од 2018 година. Претходно од космодромот Плесецк беа лансирани три тешки ракети Ангара, а од 2016 година од космодромот Восточни беа лансирани вкупно 16 ракети од класата Сојуз-2.1а и Сојуз-2.1б. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведокОдложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата. Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври. Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна. Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци. – Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“. На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври. Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денариСиндикалната кошница надмина 70 илјади денари.Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари. Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната. -Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија. -Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор. Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ. Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот односМинистерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. Афродита Рамос го следи пресот. Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст? Во видедото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter