Руските власти ја обвинија позаразната, делта варијанта, откриена во Индија за неодамнешното зголемување на бројот на лица заразени со ковид-19, што претставува 90 проценти од новите случаи. Ситуацијата ја влошува и фактот што голем број Руси не сакаат да се вакцинираат.
Денис Логунов, заменик-директор на московскиот институт Гамалеја, кои ја развија руската вакцина Спутник V, денеска изјави дека се покажало дека е ефикасна 90% против варијантата делта.
Лошата излезност, и покрај бесплатната и широко распространета руска вакцина, ги принуди властите во некои региони да воведат задолжителни вакцинации за некои работници или да покренат иницијативи како што е наградна игра во која може да се добие автомобил или стан.
„Гледаме дека бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат се зголеми оваа недела“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но додаде дека зацртаните цели сепак нема да бидат исполнети.
Властите денеска објавија дека 652 лица починале од ковид-19 во Русија во последните 24 часа, што е нов рекорд.
Русија има 5,5 милиони заразени од почетокот на пандемијата.