Русија лансираше ирански истражувачки сателит во вселената

Русија лансираше ирански истражувачки сателит во вселената кој ќе ја скенира топографијата на Иран од височина од 500 километри.

Сателитот „Парс 1“ е лансиран на руска ракета „Сојуз“ од космодромот Восточни во источниот регион Амур, тежи 134 килограми и е опремен со три камери.

- Нашите сегашни домашни бази за лансирање сè уште немаат можност да лансираат сателити на адекватен начин, затоа ја користиме руската база за лансирање, рече иранскиот министер за информации и комуникации Иса Зарепур. Космодромот Восточни е во функција од 2016 година и се наоѓа недалеку од руската граница со Кина и на околу 1.500 километри од пристаништето Владивосток.

Во 2022 година, Русија го испрати иранскиот далечински сателит Хајам во орбитата од казахстанскиот космодром Бајконур, што го одразува продлабочувањето на научната соработка меѓу двете земји кои се под американски санкции.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конферениција на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

притисни ентер