Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
ЕвропаРусија лансира 200 дронови кон Украина, Зеленски со реакција: Решија да го прекинат молкот (ВИДЕО)Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека „одлучила да го прекине молчењето“ со лансирање 200 беспилотни летала во Украина преку ноќ, откако истече тридневниот прекин на огнот.Од друга страна, Русија објави дека соборила околу триесет украински беспилотни летала по истекот на прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп во петокот. „Самата Русија одлучи да го прекине делумното молчење што траеше неколку дена“, обвини Зеленски на социјалните мрежи. „Рековме дека ќе возвратиме на сите мерки што ќе ги преземе Русија“, додаде тој. Рано во вторник, за прв пат од 8 мај, во Киев беше објавена воздушна тревога поради заканата од беспилотни летала, објавија новинари на АФП кои ги слушнаа експлозиите и дејството на воздушната одбрана. Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала 216 дронови и мамки кон Украина, од кои 192 биле неутрализирани. Најмалку еден човек бил убиен во источна Украина во руските напади во ноќта од понеделник до вторник. „Еден човек е убиен, а четворица се ранети. Непријателот нападна пет области во регионот повеќе од 20 пати со беспилотни летала, артилерија и воздушни бомби“, напиша гувернерот на Дњепропетровската област, Олександр Гања, на Телеграм. Russia itself chose to end the partial silence that had lasted for several days. Overnight, more than 200 attack drones were launched against Ukraine. Aerial bombs were used again on the front – more than 80 of them, and over 30 air strikes were recorded. Attack drones were shot… pic.twitter.com/rhTnCWT8rn — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 12, 2026 Напади врз училишни објекти Според него, оштетени се станбени згради, деветкатна зграда и возила. Отпадоци од дрон паднале врз 16-катна зграда во областа Оболонски, предизвикувајќи пожар, објави градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко на Телеграм. На ниво на целиот регион, шефот на регионалната воена администрација, Микола Калачник, ги осуди нападите врз „станбени згради и училишни објекти“ во кои, според истиот извор, немало жртви. Руското Министерство за одбрана објави во соопштение дека соборило 27 украински беспилотни летала во текот на ноќта по завршувањето на прекинот на огнот. Помеѓу полноќ и 7 часот наутро во вторник, „27 украински воздушни беспилотни летала беа пресретнати и уништени од системи за воздушна одбрана“ над руските региони Белгород, Воронеж и Ростов на југ, се вели во соопштението. Примирјето истекува Разговорите со посредство на САД за завршување на војната, кои започнаа со руската инвазија во 2022 година, се во застој од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари. Русите и Украинците се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот помеѓу саботата и понеделникот. Во текот на викендот, Украина конкретно ја обвини Русија за напади со беспилотни летала на истокот и југот на земјата, додека Русија го обвини Киев за напад врз регионот Белгород што граничи со Украина. „Исто така, гледаме дека Русија нема намера да ја заврши оваа војна. За жал, таа подготвува нови напади“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28