Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
ЕвропаРусија го прекрши примирјето: Масовни напади со дронови во украинските градови (ВИДЕО)Украинските власти регистрирале руски напади со беспилотни летала и речиси 150 судири на терен во последните 24 часа и покрај прекинот на огнот меѓу Киев и Москва, постигнат со посредство на САД.Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека Русија и Украина се согласиле на тридневен прекин на огнот од 9 до 11 мај, бидејќи пошироките напори за ставање крај на четиригодишната војна се во застој. Едно лице е убиено, а тројца се ранети во руските напади врз регионот Запорожје во југоисточна Украина, изјави утрово гувернерот Иван Дерово. Во североисточниот регион Харков, гувернерот Олех Сињехубов изјави дека осум лица, меѓу кои и две деца, се ранети во напад со беспилотно летало врз регионалниот главен град и околните села. Седум лица, меѓу кои и едно дете, се ранети во јужниот регион Херсон во руски гранатирања и напади со беспилотни летала од раните утрински часови, изјави регионалниот гувернер Олександр Прокудин. Масовни напади со беспилотни летала Во руските напади врз југоисточниот регион Дњепропетровск, едно дете е рането, а инфраструктурата е оштетена, изјави регионалниот лидер Олександр Ханза. Украинските воздухопловни сили одделно соопштија дека Русија лансирала 27 дронови со долг дострел кон Украина преку ноќ, што е помал број од вообичаеното, но дека воздушната одбрана ги соборила сите. 😡 Russia violated the ceasefire again: Kharkiv — At night, the Russians hit a nine-story building in Kharkiv with a drone. Five people were injured, including two 8-year-old boys. Zaporizhzhia — 780 Russian strikes on 33 settlements. One person died, three more were injured.… pic.twitter.com/NTmHHTARys — The Ukrainian Review (@UkrReview) May 10, 2026 Во својот утрински извештај, Генералштабот на украинската армија соопшти дека имало 147 судири на фронтовската линија. И покрај извештаите, украинските претставници јавно не коментирале за какво било кршење на примирјето посредувано од САД, кое се очекува да вклучува и размена на 1.000 воени заробеници од двете страни. Русија и Украина објавија одделни прекини на огнот претходно оваа недела, кои требаше да започнат во петок и среда, но наскоро се обвинија меѓусебно за нивно кршење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter