Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
СветРусија изгубила 427.000 војници во 2024.,зазеле 4.168 квадратни км. од територијата на УкраинаИнститутот за проучување на војната (ISW) објави нов извештај во кој се наведува дека Русија изгубила околу 40 војници за секој квадратен километар од територијата што ја зазела во Украина во текот на 2024 година.Американскиот „тинк-тенк“ со седиште во Вашингтон, кој ја следи руската инвазија на Украина, објави дека има геолокализирани докази што укажуваат дека руските сили напреднале 4.168 квадратни километри во текот на изминатата година, пренесува Business Insider. При пресметувањето на стапката на руски жртви, ISW ја искористи неодамнешната проценка на украинскиот воен командант Олександр Сирски дека 427.000 руски војници биле убиени или ранети во 2024 година. Бавноста на рускиот напредок оваа година, која се проценува дека е помала од големината на американската сојузна држава Делавер, се споредува со брзиот напредок на Украина кога во август започна офанзива во рускиот регион Курск. Меѓутоа, Русија оттогаш го врати најголемиот дел од таа територија. Read "Russia seized 1,600 square miles of Ukraine’s territory in 2024 while losing 427,000 troops, ISW says" on SmartNews: https://t.co/D4XJrGMfR6 #SmartNews — 🆘🌊 72 & Still Learning 🌊🆘 Support Ukraine! 🟧 (@MikeRJohnson777) January 2, 2025 Иако Русија постигна постојан напредок во последниве месеци, заземајќи бројни градови и села во источна Украина, таа не постигна големи симболични или стратешки придобивки. ISW изјави дека Москва постигнала 56,5 отсто од своите територијални придобивки во 2024 година во периодот од септември до ноември. Тие придобивки имаат висока цена, бидејќи се верува дека руските загуби значително се зголемиле во последните месеци. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство минатиот месец ги истакна проценките на украинската војска дека ноември е рекорден месец за руските жртви во војната, со 45.680 жртви - дневен просек од околу 1.523. Џорџ Барос, аналитичар на ISW за Русија, рече дека руските загуби се зголемуваат бидејќи спроведуваат операции со многу висок интензитет од октомври 2023 година. „Русите, мислам, по цена на големи загуби и исцрпеност, продолжуваат со операциите со висок интензитет кои не престанаа“, рече Барос. Тактиката на Русија во инвазијата вклучува употреба на нејзината супериорна воена сила за да се обиде да ги совлада украинските позиции, често користејќи таканаречени напади со „бранови“. Тоа значи дека Русија можеби нема да ги забави или запре напорите дури и при големи загуби. ISW, исто така, наведе дека Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија, а сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, во декември изјавил дека речиси 440.000 регрути потпишале воени договори со руското Министерство за одбрана во 2024 година. ISW рече дека ова укажува дека Русија „веројатно регрутира доволно воен персонал за да ги замени неодамнешните високи стапки на жртви на основа еден на еден“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter