Русија и Романија имаат рекорден дневен број починати од ковид-19

Русија и Романија денеска забележале најголем број смртни случаи од последиците на инфекција со коронавирус од почетокот на епидемијата, додека Чешка има најмногу заразени во еден ден од март, пренесоа агенциите.

Русија денеска забележала 1,178 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Властите воведоа делумно затворање низ целата земја поради влошената епидемиолошка состојба.

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 39.008 случаи на инфекција, а во Москва 5.736.

Романија, исто така, денеска забележала рекорден број смртни случаи од Ковид-19. Некои места во Романија, каде што се вакцинираат најмалку луѓе во ЕУ по Бугарија, немаат кревети во одделенијата за интензивна нега.

Во последните 24 часа се регистрирани 11.000 нови случаи, што е намалување од октомврискиот пик, а починале 591 лице.

Од почетокот на пандемијата, 48.664 луѓе починале од Ковид-19 во Романија, земја со нешто помалку од 20 милиони луѓе, која вакцинирала 37 отсто од возрасната популација.

Бројот на вакцинирани расте во последните недели, но скептицизмот е изразен поради недовербата во државните институции, наведува Ројтерс.

Во Чешка се потврдени 7.591 нов случај на инфекција, најмногу од крајот на март, објави денеска Чешкото радио.

Пред седум дена биле пријавени 4.277 нови случаи.

Во земја со 10,7 милиони жители, 1.813 лица се хоспитализирани поради Ковид-19, а 284 се на одделенијата за интензивна нега. 6,09 милиони Чеси биле целосно вакцинирани.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер