Русија ги казни Twitter, Facebook и TikTok поради забранета содржина - Канал 5

Русија ги казни Twitter, Facebook и TikTok поради забранета содржина

Русија денеска ја казни компанијата Мета, сопственик на Твитер и Фејсбук, и ТикТок затоа што не ја избришале содржината што владата ја смета за незаконска, објави московскиот суд.

Русија ги казни Twitter, Facebook и TikTok поради забранета содржина

Москва го засили притисокот врз интернет компаниите бидејќи, како што велат критичарите, сака да ја прошири контролата врз интернетот, што може да доведе до ограничување на индивидуалните и претприемачките слободи.

Судот пресуди дека Мета мора да плати 177.000 долари, Twitter 150.000 долари, а TikTok 75.000 долари.

Твитер, Фејсбук и ТикТок се уште не ја коментирале одлуката.

Мета, заедно со сопственикот Google Alphabet, подоцна во декември ќе биде на суд поради кршење на рускиот закон за интернет содржини и може да биде казнет со одреден процент од заработката во Русија.

Русија го забави Твитер во март поради објавување на детска порнографија, информации за употреба на дрога и повици до малолетници да извршат самоубиство, соопшти државниот регулатор Роскомнадзор.

Твитер ги отфрла обвинувањата дека служи како платформа за промовирање незаконско однесување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.

„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен суд

Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки.

Седница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен суд

Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор и разрешување на судии поротници и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка силно го нападна Иран, следуваше жестока одговор

Америка ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.

Америка силно го нападна Иран, следуваше жестока одговор

Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови.

Иран утрово одговори на ноќешниот напд.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран.

Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер