3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ФудбалРуд ван Нистелрој танцува по освојувањето на холандскиот куп (ВИДЕО)Фудбалерите на ПСВ од Ајндховен ја одбранија титулата шампион на холандскиот куп откако во финалето во Ротердам го совладаа Ајакс со подобро изведување на пенали.По 90 минути беше 1:1, Ајакс поведе со автоголот на Џеред Брантвејт (43-аг), а израмни Торган Азар (67). Со оглед на тоа што резултатот не се промени во дополнителните половина час, се случи пенал-рулет, во кој ПСВ победи со 3:2. За ПСВ ова е 11-та титула во ова натпреварување, додека рекордерот Ајакс остана на 20 победи. ПСВ го предводи Руд ван Нистелрој, некогаш еден од најдобрите светски напаѓачи, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Ван Нистелрој по натпреварот танцуваше во соблекувалната со своите играчи. Погледнете како тоа изгледаше: Woke up like this 😏🕺 pic.twitter.com/CCR0Lqzwwz — PSV (@PSV) May 1, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоциклиВо септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли. Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: Зајакнати контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријаваПо насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.Тагови: нелегална сеча на дрва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter