3ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
СветРубио: САД остануваат во НАТОСАД се во НАТО и активни, како и секогаш. Хистеријата во медиумите, вклучително и во САД, е неоправдана, додаде тој, во врска со шпекулациите за можно повлекување на САД од алијансата. Јасно кажавме дека остануваме во НАТО и ја поддржуваме алијансата, сакаме НАТО да биде силен и поживописен, да има повеќе капацитети, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по неговото пристигнување во седиштето на пактот во Брисел за учество на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. -САД се во НАТО и активни, како и секогаш. Хистеријата во медиумите, вклучително и во САД, е неоправдана, додаде тој, во врска со шпекулациите за можно повлекување на САД од алијансата. Богатите земји се способни да направат повеќе, инсистира Рубио на прашањето за трошоците за одбраната. „Имаме потреби и дома, но приоритет ни е одбраната и го очекуваме истото од нашите партнери“, додаде тој. Настаните од последните години и новата војна во Европа покажуваат дека сè уште треба да имаме моќна сила како услов за одвраќање. Секоја од земјите на НАТО мора да оствари трошоци за одбрана еднакви на пет проценти од БДП, вклучувајќи ги и Соединетите држави, рече Рубио. Тој истакна дека претседателот Трамп се залагал за зголемување на трошоците во неговиот прв мандат и дека таа порака ја задржува и сега. -Претседателот Трамп не е против НАТО, резимира Рубио. Според него, никој не очекува за една година да се постигне целта од пет проценти од трошењето на БДП. Мораме да можеме да ја одбраниме нашата територија од каква било закана, додаде американскиот државен секретар. Рубио: Трамп не е против НАТО, туку бара земјите членки да ги исполнат своите обврски Американскиот претседател Доналд Трамп не е против НАТО, но е против Алијанса чии членки не ги исполнуваат обврските што ги имаат преземено, изјави денеска државниот секретар на САД, Марко Рубио пред почетокот на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Пактот во Брисел, на која учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. - Никој не очекува да бидете способни да го направите тоа за година или две, но патеката мора да биде реална. Тоа е суровата вистина и подобро е да се каже сега, со цел да го подобриме и изградиме НАТО способен да ја брани територијата наште земји членки и да ја одврати секоја агресија врз било кого од нас, изјави Рубио, придружуван од генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Рубио оцени дека хистеријата оти „САД не го сакаат НАТО“ ја шират некои глобални, но и американски медиуми, но како што рече доказ за посветеноста на Вашингтон на Алијансата е и тоа што првото именување на нов амбасадор од страна на Сенатот под новата Администрација е токму на претставникот во Пактот, кој стапува на должноста од денеска. - Претседателот на САД, Трамп беше јасен дека тој го поддржува НАТО и дека ние остануваме во НАТО. Тој тоа јасно го кажа, истакна Рубио, додавајќи дека и загинувањето на четворицата американски војници при воена вежба во Литванија е потсетник дека САД се дел од Алијансата, како што секогаш и биле. Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, САД сакаат НАТО да биде посилен и поодржлив, а за да се оствари тоа американските партнери во Алијансата мора да ги зајакнат своите капацитети. - Сфаќаме дека тоа не е лесно. Ние го правиме секоја година. Ве уверувам дека и ние имаме домашни потреби, но ставаме приоритет на одбраната поради улогата што ја имаме во светот и сакам истото да го прават и нашите партнери, рече Рубио. Тој нагласи дека настаните од последните години, како војната во срцето на Европа, се потсетник дека се уште е потребен силен НАТО и затоа САД очекуваат секоја земја членка да издвојува до пет проценти од својот БДП за одбраната. - НАТО мора да изрази јасна посветеност да изгради капацитети способни да се справат со заканите, додаде Рубио. Руте од своја страна истакна дека знае оти САД се стожерот на НАТО, но таа посветеност доаѓа со очекувања европските сојузници и Канада да издвојуваат повеќе за одбраната, што и го прават имајќи предвид дека нивните одбранбени трошоци се зголемени за неколку стотици милијарди евра и долари, достигнувајќи најголемо ниво од завршувањето на Студената војна. - Тоа е добра вест, но се уште мора да направиме повеќе, истакна Руте. Тој додаде и дека европските земји членки на НАТО издвојуваат значителни средства и за воена поддршка на Украина и само во првите три месеци од годинава обезбедија 20 милијарди долари за да и помогнат на земјата да остане во позиција да се бори додека е потребно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен во функција. - Скопје предолго чекаше, време е да се движи напред! Дадениот збор за мене е обврска. А довербата што ја добив од вас, мојот народ, е одговорност што ја носам секој ден. Да работам, да ги решавам проблемите што со години стоеле заглавени и да испорачувам резултати што ќе ги почувствувате во сопственото секојдневие. За нашиот град, ова поврзување има огромно значење. Нова сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје, подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, побрз и побезбеден излез кон обиколницата и растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“. Зад сето ова стои она што им е најважно на граѓаните - помалку време во колони, полесно стигнување до работа и повеќе време со семејството – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Значајно е да се нагласи дека застојот поради потребното мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“ е надминат. - Со сериозна работа и одговорен пристап, дозволата која моите претходници ја закочија е обезбедена, заштитата на културното наследство е запазена, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет – нагласи Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека се гради современо и целосно сообраќајно решение, со коловоз широк 12 метри и четири сообраќајни ленти, по две во секој правец, на вкупна површина од 5.350 квадратни метри. Од двете страни ќе има пешачки и велосипедски патеки, секоја широка по два метра, со вкупна површина од 3.815 квадратни метри, кои ќе овозможат безбедно и удобно движење за сите учесници во сообраќајот. Изградени се потпорни ѕидови од двете страни на булеварот, со 2.050 кубни метри бетон, атмосферска канализација во должина од 473 метри и улично осветлување со 40 столбови, за поголема безбедност и прегледност. Паралелно, Град Скопје работи и на изградбата на мега парк на површина од 70.000 квадратни метри во Карпош, со партерно и хортикултурно уредување, пешачки патеки, хидрантска мрежа и урбана опрема. - Создаваме нов простор за прошетки, рекреација и дружење, а продолжуваат и активностите за расчистување на кејот на Вардар. Скопјани заслужуваат уреден кеј и зеленило во кое ќе уживаат сите генерации - рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка и личната посветеност, кој со конкретни дела покажува како се сакаат сопствениот град и државата. - Таа поддршка ни дава сила да ги придвижуваме заглавените проекти и заедно да ги правиме Скопје и Македонија поубаво место за живеење. Скопјани заслужуваат модерен и функционален град. Град во кој се стигнува полесно, се живее поубаво и се гледа дека некој се грижи – истакна Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРазорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себеСтогодишна жена загина во катастрофалните поплави што ја погодија општината Мадригерас во шпанската провинција Албасете. Водата носеше сè пред себе и предизвикаа огромна штета, јавуваат шпанските медиуми.Несреќната стогодишничка се наоѓала во својот семеен дом кога водата нагло навлегла внатре и таа не успеала да се спаси, потврдија регионалните власти на Кастиља-Ла Манча. La situación en Madrigueras (Albacete) es preocupante. Según el 112 de CLM había activado un aviso amarillo. Tampoco sabemos nada mas por fuentes oficiales porque las cuentas oficiales y @112clm siguen en silencio. https://t.co/WKI4cr6Uli pic.twitter.com/nlJapEhJEY — NoMePisesLaManguera (@PlinioElGuapo) October 2, 2026 За само два часа наврнаа повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар Поплавата започна во петокот околу 18:15 часот, кога општината ја зафати силен пороен дожд што непрекинато паѓаше речиси два часа. Според првичните мерења, во тој краток период наврнале повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар. Ситуацијата брзо се влошила бидејќи огромни количини вода од блиските клисури и околните ридови се слеале во населбата, целосно поплавувајќи ги улиците на Мадригерас. На социјалните мрежи набрзо се појавија снимки на кои се гледа како каллива вода ги преплавува патиштата и навлегува во домовите. Madrigueras (Albacete) La Dana de Albacete. 79 rescates, 5 desaparecidos, 1 mujer mayor ha muerto.#Albacete #Madrigueras pic.twitter.com/jOmehUDEvV — Isma Ramírez (@ElEnfermeroInv1) October 2, 2026 Регионалната влада веднаш го активираше првото ниво на тревога од специјалниот план за заштита од поплави (Meteocam), додека службите за итни случаи, пожарникарите и спасувачките екипи ја поминаа целата ноќ на терен, помагајќи им на жителите и расчистувајќи ги остатоците што ги нанела водата. Шпанскиот премиер Педро Санчез исто така се огласи за настанот на социјалната мрежа „X“, изразувајќи сочувство до семејството на починатата жена и истакнувајќи дека обилните дождови предизвикале сериозни штети во неколку делови од земјата, притоа повикувајќи ги граѓаните на крајна претпазливост и почитување на упатствата на службите за итни случаи. Las lluvias torrenciales y persistentes de la últimas horas han provocado graves daños en muchas zonas de nuestra geografía. Esta noche ha sido especialmente dura en Madrigueras (Albacete). Estamos muy pendientes de la situación. Todo mi cariño a los familiares de la mujer que… — Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) October 3, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: поплави Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министерСДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа? Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место. Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина. Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16