3Министерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници
СветРубио: Работиме на договор што ќе му овозможи на Иран да има цивилна нуклеарна програмаРубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот изјави дека администрацијата се стреми да му даде можност на Иран да се стреми кон мир и просперитет, јавија француските медиуми.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи на постигнување договор што би му дозволил на Иран да има цивилна програма за нуклеарна енергија, но не и да збогатува ураниум, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот изјави дека администрацијата се стреми да му даде можност на Иран да се стреми кон мир и просперитет, јавија француските медиуми. -Нема да биде лесно, но тоа е процесот во кој сме вклучени во моментов, рече Рубио. Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Техеран добил и моментално разгледува предлог за петтата рунда нуклеарни преговори со САД. Тој го изјави ова неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Техеран мора брзо да ги продолжи преговорите, пренесоа британските медиуми. Два дена претходно, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека датумот за петтата рунда нуклеарни разговори меѓу Иран и САД е одреден, но се чека одобрување и наскоро ќе биде објавен. /МИАТагови: Иран Марко Рубио нуклеарна програма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксинИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми.Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи. Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла. Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава. На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваДетска работилница за најмладите и рап забава со „Жабата“ за тинејџерите во КарпошНеделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3,.Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот креативен и уметнички потенцијал. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, со почеток од 20:00, часот, во една пријатна, релаксирана и маалска атмосфера беше прикажан филмскиот класик од Димитрие Османли - „Мирно лето“, каде што меѓу присутните карпошани беше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Филмските проекции во рамки на културното лето ќе траат до 27-ми овој месец, каде што љубителите на добриот филм, заедно со своите соседи, роднини и пријатели, во предвидениот термин на истата локација, ќе можaт да уживаат во селектираните филмски остварувања од домашната македонска кинематографија. Вечерта кулминираше со рап изведбата на „Стефан Трајковски- Жабата“, кој со своите авторски изведби ја крена публиката на нозе и направи одлична забава пред своите маалски другари, соседи и пријатели. На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денариРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за 4,842%, кај екстра лесното масло за 3,958% и кај мазутот зголемувањето е за 6,467%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%. Од 25.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг. и сега ќе изнесува 45,576 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook