Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
1Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
3Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
БалканРубин: Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен БалканКинеските и руските медиуми меѓусебе цитираат дезинформации и создаваат „ехо комори за поплава на пазарот“ на вести, а Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен Балкан, посочи Џејмс Рубин.Кинеските и руските медиуми меѓусебе цитираат дезинформации и создаваат „ехо комори за поплава на пазарот“ на вести, а Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен Балкан, посочи Џејмс Рубин, специјален претставник на Стејт департментот и координатор на Центарот за глобален ангажман. Центарот се бори со странските пропагадни и дезинформации како кинеската и руската и минатата недела објави обемен извештај со предупредување дека Кина „има потенцијал да ја реоформи глобалната информациска околина“ и во кој се истакнува загриженоста на САД за тоа дека „Пекинг не е само главен воен соперник туку и клучен ривал во борбата за идеите и дезинформацијата глобално“. Во брифинг за европските новинари по овој повод, Рубин синоќа од Брисел истакна дека Србија е единствената земја во регионот на Балканот што ги нема затворено телeвизијата RT (поранешна Russia Тoday) и Спутник, главните носители на руската пропаганда, и посочи дека Белград „е влезна точка на Русија на Западен Балкан“. -Шокиран сум од тоа колку во Србија се повторува руската пропаганда. Оваа земја е единствената што ги нема затворено RT и Спутник, изјави тој и додаде дека „тие и понатаму го прават тоа и мислат дека ќе влезат во Европската Унија“. Во овие руски државни медиуми Кремљ инвестира ститици милиони долари годишно. -По почетокот на инвазијата на Украина секоја земја од ЕУ ги затвори RT и Спутник, кои се сметаат за основно оружје на руската воена операција и се служат со лажење за причините за нивната инвазија, со фалсификување на извештаи и со негирање на очигледни вистини, изјави Рубин. То истакна дека во некои азиски и африкански земји кинеската државна информативна агенција го дава својот сервис бесплатно на локалните медиуми за да влијае врз нивната уредувачка политика или купува статии по локалните весници. -Ваква манипулација не набљудуваме (на Западен Балкан). Но се сомневаме дека ќе дојде и до тоа. Има случаи како во Северна Македонија каде (комапнии градеа) патна мрежа и изградбата е неквалитетна, па затоа тие сега градат по западни стандарди, изјави Рубин. Тој уште еднаш истакна за соработката што САД ја имаат со Молдавија, Северна Македонија и Бугарија во борбата со руската пропаганда и одбраната од неа. Со овие земји потпишани се меморандумите за разбирање за техничка помош во оваа сфера. -Ние само што започнавме да градиме капацитети... Ова не е нешто развојно со инвестиции од милијарди долари. Ова е само техничка помош. На ист начин како што им помагавме на демократиите во развој во 1990-те да научат како да организираат избори, сега им помагаме на земјите да научат како да го испитуваат информациското поле, да анализираат и да можат да идентификуваат во што се вмешани и во што е интервенирано од срана на Русија и Кина преку тајни практики. Од САД истакнаа адека мора да има транспарентност во сопствеништвото на медиумите и да се знае изворот на вестите. За тоа дека САД во Украина наводно произведувале биолошко оружје, тој истакна дека нема никаков извор за таа информација, но Русија ја повторува повеќекратно, истовремено преземена од кинеските медиуми, кои потоа се цитирани од руските, со што се создава „ехо комора, и без наведување на извори или појаснување, информацискио простор е доминиран“. Рубин истакна дека во време на слободен и глобален тек на инфроамацијата на Интернет и социјалните мрежи користени и од авторитарните земји како Кина, Иран или Русија на фундаментално ниво не постои слобода на изразувањето и на печатот, како што стои во Унверзалната декларација за човекови права на ОН. -Во врска со ова постои асиметрија со овие авторитарни режими. Тие го блокираат пристапот до нивното информациско поле а асиметријата е во тоа што тие се слободни да дејствуваат, да манипулираат и да користат секекви други начини во светското информативно поле. И затоа не треба да се повлекува еднаквост во однос на тоа што прават САД а што овие авторитарни режими. Не постои лажна еднаквост бидејќи има фундаментална асиметрија, заклучи Рубин. И доаде: Русија сака да ве увери дека вината за инвазијата на Русија на Украина е во Америка и дека некако тоа е дизајнирано од Америка или дека се политики на проширувањето на НАТО. -Факт е дека едно утро, без некоја причина се случи неиспровоцирана инвазија. Кина ги повторува аргументте на Русија, создава ехо комора сугерирајќи на американската одговорност, дека некако ние сакаме да заработиме пари од ова, или виновен е американскиот воено-индустриски сектор. Ова се теории на заговор што не се засновани на факти, и Русија и Кина целосно се совпаѓаат околу тоа, рече тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформитеДенеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. Посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите. Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаКузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески. Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски. Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат задоволени условите на „политичка сензитивност“. Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци, Мицкоски и Славески ја донесо пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија. Тие се виновни за хаосот и што сега граѓаните, пензионерите, не можат да дојдат до своите пари. A правните лица не можат да исплатата плата. Славески и Мицкоски му дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница. Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски. Откривме и документи, Записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка! Во Европа има санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале. Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога. Во Србија има стечај, апсење и истрага. И покрај сето тоа, Мицкоски ја внесува банката во Македонија. Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија. Како кога Народна банка е независна институција? Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија односно ја увезоа од нивниот ментор Вучуќ. Исто така. Мицкоски одлучил. „Сензибилитет“. Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија. Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странка. Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил. Шеф на банда, тој одлучува за се, за фирми, за банки, за пари. Тој е и Гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија. Мицкоски треба да одговори на пршањето колу пати разговарал со Вучиќ за Алта банка? Колку пати се има сретнато со Мацура? За кои провизии се зборувало? Дали во трезорот и документите на Алта Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи. Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема. Ги повикуваме и чесните професионалци од НБРМ. Не потпаѓајте на криминалната власт која е во паника и која сака со застрашување. Имате иднина и мислите на своите најблиски. Одговорност ќе има се секој што се огрешил пред законот кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Тоа време доаѓа. Погледнете во соседна Србија што се случува, како организирана криминална група паѓа. Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканЕУ наскоро го укинува роамингот за земјите на Западен Балкан Европската комисија започна преговори за укинување на роамингот меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Целта е регионот да се вклучи во системот „Roam Like at Home“, што би им овозможило на граѓаните да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни такси, пишува N1 Info. Покрај Босна и Херцеговина, во преговорите се вклучени и Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Вклучувањето во единствената роаминг зона би значело дека граѓаните од Западен Балкан можат да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат интернет додека патуваат во Европската Унија по исти цени како и дома. Истите правила би важеле за граѓаните на ЕУ што патуваат во регионот. Преговорите се во тек Иницијативата дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја објави оваа можност за време на нејзината посета на Западен Балкан во октомври оваа година. Комисијата потврди дека билатералните преговори со партнерите од регионот сега се официјално отворени. За да се спроведе укинувањето на роамингот, земјите-партнери мора целосно да го усогласат своето законодавство со правилата на ЕУ. Откако ќе бидат склучени договорите, Европската комисија ќе му предложи на Советот на Европската Унија да донесе конечна одлука за проширување на системот. Советот на ЕУ го одобри почетокот на преговорите уште во јуни 2026 година. Идните договори за роаминг ќе бидат поврзани со постојните договори за стабилизација и асоцијација, чија цел е да се поддржи стабилноста, економската интеграција и зајакнувањето на соработката на регионот со Европската Унија. Европската комисија сè уште не го објави точниот датум од кој новите правила би можеле да стапат во сила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00