РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот - Канал 5

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот

РСБСП на почетокот на второто полугодие потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила претставува сериозен ризик за безбедноста на децата.

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на почетокот на второто полугодие потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила претставува сериозен ризик за безбедноста на децата и може да доведе до тешки последици и нагласува дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и бара континуирано внимание, дисциплина и соработка од сите.

- Со почнувањето на второто полугодие од учебната година се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена процена на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес. Во овој период на зголемен интензитет на сообраќај РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот за строго почитување на сообраќајните правила и зголемена внимателност, особено во близина на училишта, пешачки премини и зони со смирен сообраќај - велат од РСБСП.

Апелираат до возачите и родителите да ја приспособат брзината на движење во согласност со поставената сообраќајна сигнализација и условите на патот; да покажат зголемена внимателност и подготвеност за ненадејни реакции на децата, да не паркираат возила на места со намалена прегледност, особено во близина на пешачки премини и влезови на училишта; и континуирано да разговараат со децата за правилно и безбедно движење во сообраќајот и да бидат пример со сопственото однесување.

На децата пешаци им порачуваат дека улицата се поминува исклучиво на обележан пешачки премин; пред преминување задолжително да се застане и внимателно да се погледне лево, десно и повторно лево; да не се истрчува на коловозот и улицата да се поминува со нормален чекор; да се користи тротоарот или пешачката патека, а доколку не постојат, движењето да биде по левата страна од коловозот; и улицата да не се користи за игра и престој.

- РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука континуирано ги реализира превентивно-едукативните активности во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, насочени кон унапредување на сообраќајната култура и подигање на нивото на безбедно однесување кај најмладите учесници во сообраќајот. Преку едукативни предавања и практични активности во образовните установи децата стекнуваат основни знаења и вештини за безбедно учество во сообраќајот. Истовремено, се нагласува значењето на улогата на родителите и возачите како клучни фактори во градењето безбедни навики и одговорно однесување - посочуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV.

Видеото се појави на мрежите

Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја.

Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи.

Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја.

Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“.

Бараат одговорност од менаџментот

Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур.

Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен.

Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро.

Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди.

Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд.

Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот.

Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“.

Истрагата е во тек, според ирската телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс.

Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер.

Детето истрчало на патот и запрело автомобил

Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција.

„Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот.

Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница.

Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер