Воедно, им препорачува на мотоциклистите и велосипедистите да бидат максимално одговорни во сообраќајот и максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и додаваат дека постојано расте бројот на велосипедисти и мотоциклисти – учесници во сообраќајот.
- Велосипедистите и мотоциклистите и понатаму остануваат најранливи групи на учесници во сообраќајот. Ако се земе во предвид делот од сообраќајот кој им припаѓа ним и нивното учеството во вкупниот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди ќе заклучиме дека број на загинати и повредени велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајни незгоди е несразмерно висок во однос на тоа во колкав дел од сообраќајот тие учествуваат, велат од РСБСП.
Факт е, додаваат, дека и велосипедистите и мотоциклистите се помалку заштитени во споредба со другите возачи на моторни возила и со самото тоа и повеќе се изложени на ризик и опасности во сообраќајот, но исто така факт е и дека несоодветната сообраќајна инфраструктура, несовесните возачи и ниското ниво на сообраќајна култура значително ја влошува безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.
- Единствено со меѓусебно почитување и толеранција од сите учесници во сообраќајот, со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, може да се намали бројот на настрадани велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајни незгоди, односно да се намали вкупниот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Затоа РСБСП уште еднаш повикува на одговорно учество во сообраќајот како редовна обврска на секој учесник во сообраќајот, потенцират од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата .