РСБСП апелира возачите да употребуваат сигурносни појаси

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите да ги употребуваат сигурносните појаси и на најкратките патувања.

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди е ниското ниво на употреба на сигурносни појаси.

И покрај тоа што користењето на сигурносни појаси е законска обврска за која се свесни речиси сите возачи и патници, сепак голем дел од возачите и патниците не ја почитуваат оваа законска обврска, наведуваат од РСБСП.

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас.

Користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот односно патникот.

Сигурносниот појас значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди.

Обврската за користење на сигурносни појаси се однесува на возачот, на сопатниците на предните седишта, но и на сопатниците на задните седишта, односно на сите седишта во возилото во кои има вградено сигурносен појас, возачот односно патниците, имаат задолжителна обврската за користење на сигурносен појас.

Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна за возачот и сите патници во возилото без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.

Обврската за користење на сигурносен појас не се однесува исклучиво на: доставувач на стока во прометот, во местото на испорачувањето и возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.

Децата до 5 години задолжително треба да користат детско седиште врзано со сигурносен појас.

Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со парична казна наменета исклучиво за лицето кое не користи појас без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште.

Во случај на сообраќајна незгода, сигурносниот појас и воздушното перниче ќе го забават и ќе го спречат движење на телото кон цврстите делови на возилото, со што се апсорбира голем дел од силата што се ослободува при судир. Последиците за возачот и патниците се помалку сериозни во однос на оние возачи и патници кои што не ги користат сигурносен појас./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер