СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
ТехнологијаРоверот на НАСА сними нешто што личи на остаток од живот на Марс (ВИДЕО)На 2-ри април, роверот Perseverance на НАСА направи серија снимки од Supercam Micro Imager за да открие органски знаци на живот во метеоритот на Марс, пред да полета хеликоптерот „ Ingenuity “.SuperCam ласерски ги лоцира минералните цели што се надвор од дофатот на роботската рака на роверот, а потоа ја анализира испарената карпа за да го открие неговиот елементарен состав. Неговата камера и спектрометрите потоа го испитуваат хемискиот состав на карпата. Се бараат органски соединенија кои би можеле да бидат поврзани со можниот некогашен живот на Марс. Кога ласерот ја погодува карпата, се создава плазма, што е исклучително врел гас направен од слободно лебдечки јони и електрони. Спектрографот на роверот го бележи спектарот на плазмата, кој го открива составот на материјалот. Научниците откриле бор во метеоритите на Марс што ја потврдува теоријата за присуство на органски живот на Марс во минатото. Претходно на 5 септември 2017 година, научниците објавија дека роверот Curiosity открил бор на Марс, неопходна состојка за живот и на Земјата. Таквиот наод, заедно со претходните откритија дека можеби имало вода на древниот Марс, дополнително ја поддржува можноста за живот во кратерот Гејл на Марс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter