2Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“
ТехнологијаРоверот на НАСА прегази карпа и од неа се појави нешто неверојатно (ВИДЕО)Научниците на американската агенција НАСА ги чекаше вистинско изненадување кога роверот Curiosity прегази карпа на Марс, а потоа се распадна и открија нешто што досега не е видено на Црвената планета – жолти сулфурни кристали.Од 2023 година, Curiosity истражува регион на Марс богат со сулфати, соли кои содржат сулфур и се формираат кога водата испарува. Меѓутоа, иако претходно беа откриени минерали со мешавина од сулфур и други материјали, карпата што сега ја откри роверот е направена од чист сулфур. Не е јасно каква, доколку ја има, врска има чистиот сулфур со минералите базирани на сулфур во областа, соопшти НАСА. Кјуриосити на 30 мај наишол на карпата, а потоа открил цело поле со слични карпи. *Cronch* I ran over a rock and found crystals inside! It's pure sulfur. (And no, it doesn’t smell.) Elemental sulfur is something we’ve never seen before on Mars. We don't know much about these yellow crystals yet, but my team is excited to investigate. https://t.co/Am07DuXpPX pic.twitter.com/coIqWWGGJq — Curiosity Rover (@MarsCuriosity) July 18, 2024 - Откривањето на поле со чисти сулфурни камења е како откривање на оаза во пустина. Таму не треба да постои, па сега треба да објасниме како е тоа возможно. Откривањето на чудни и неочекувани работи е она што го прави планетарното истражување толку интересно - изјави Ешвин Васавада, научник на проектот Curiosity во лабораторијата за млазен погон на НАСА. Тоа е едно од неколкуте откритија што роверот ги направил откако е во каналот Гедиз Валис, во близина на планината Шарп висока пет километри. Curiosity беше испратен таму специјално за да го испита каналот, за кој се верува дека настанал во време кога Марс имал течна вода. Curiosity е ровер што НАСА го лансираше на Марс во 2011 година. Тој слета во кратерот Гејл на 6 август 2012 година и оттогаш ја истражува Црвената планета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар ЧупиќДенеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка. Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. -Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“Осум лица се повредени и пренесени во Општата болница во Охрид по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во градот. Поради пожарот, како што соопштија од секторот за внатрешни работи Охрид за локалните медиуми била извршена евакуација на жителите на заградата, а полицијата лишила од слобода едно лице поради основано сомневање дека го предизвикало пожарот. Според информациите на полицијата, станува збор за 55-годишен охриѓанец со иницијали Ц.Н., кој се сомничи дека предизвикал пожар во својот стан.По добиената пријава, на местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Охрид, екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински тимови. Повеќе станари биле безбедно евакуирани од зградата, додека осум лица со здобиени повреди и отежнато дишење со возила на итната медицинска помош биле однесени на болничко згрижување. Од СВР Охрид соопштуваат дека во соработка со надлежните служби се преземаат дополнителни активности за помош на евакуираните станари и стабилизирање на состојбата на терен.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МетеоОблачно со повремени врнежи од дожд и температура до 12 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook