3Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
ТехнологијаРоверот на Марс сними необични светлечки облаци во бои на виножитото (ФОТО)Поради неговата ретка и сува атмосфера, нема многу облачни денови на Марс. Облаците обично се формираат на екваторот во најстуденото време од годината, кога Марс е најдалеку од Сонцето.Но, научниците пред една марсовска година, или пред две Земјини години забележале дека облаците над роверот Кјуриосити започнале да се формираат порано од очекуваното. Така, оваа година започнале да го снимаат небото веќе на крајот на јануари за да го фатат формирањето на овие рани облаци. Притоа, тие снимиле облаци исполнети со ледени кристали кои ја расфрлаат светлината на зајдисонцето, а некои од нив искреле во боја, пишува НАСА. Експертите откриле дека овие рани облаци се формираат на поголема надморска височина од вообичаеното. Имено, повеќето облаци на Црвената планета се на надморска височина до 60 километри, и се состојат од воден мраз. Неодамна снимените облаци лоцирани на поголема надморска височина веројатно се формирале од замрзнат јаглерод диоксид (сув мраз). Снимката од камерата Mast на роверот, покажува дека овие облаци буквално блескаат. Веднаш по зајдисонцето нивните кристали ја рефлектираат бледата светлина на нашата sвезда, правејќи да изгледа дека свети на темното небо. Овие ноќни светлосни облаци стануваат посветли како што се формираат кристали во нив, а потоа се затемнуваат додека Сонцето „паѓа“ под нивната надморска височина. Овој феномен се нарекува iridescence и им дава на облаците изглед на „капење“ во боите на виножитото. "Ако видите облак како светка во пастелна низа на бои, тоа е затоа што сите честички во него се приближно со иста големина. Обично се случува веднаш по формирањето на облаци кои пораснаа со иста брзина", изјави атмосферскиот научник Марк Лемон од Институт за вселенски науки во Колорадо. "Секогаш сум изненаден од боите што се појавуваат: црвена и зелена, сина и виолетова. Навистина е одлично да се види нешто што сјае со толку многу бои на Марс", рече Лемон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвикаНајџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија за независност на Обединетото Кралство, повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии.Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во сатиричниот лик „Гроф Бинфејс“, кој успеа да освои повеќе од четвртина од гласовите. Костимираниот кандидат познат како „Гроф Бинфејс“, кој редовно учествува на избори и овојпат го освои второто место. Фараж е предмет на парламентарна истрага поради тоа што не пријавил донација од пет милиони фунти, односно 6,7 милиони долари, од инвеститор во криптовалути со седиште во Тајланд, пред изборите во 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаЗагина 19-годишна девојка откако пијан струмичанец со возило удрил во мотоциклДеветнаесетгодишна девојка загина, а возач на мотоциклот е повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во атарот на селото Турново.Несреќата била пријавена околу 23:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 29 годишниот С.Б. од струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од селото Иловица. Од здобиените повреди на самото место починала 19-годишната К.Ј., која била сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица. При извршеното алкотестирање, кај 29-годишниот возач на автомобилот било утврдено присуство на 1,75 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш бил лишен од слобода. Полициската истрага, исто така, утврдила дека 19-годишниот возач го управувал мотоциклот без тој да биде регистриран, како и пред да се стекне со право за управување со моторно возило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
СветАмериканскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во моретоАмериканскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“.Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските воени операции поврзани со војната со иран. Носачот има поминато повеќе од 240 дена непрекинато на море, што е рекорд. Претходно оваа недела се појавија наводи дека некои морнари имале самоубиствени мисли и се обиделе да скокнат од бродот. Според весникот, причината е продолжувањето на мисијата, која требаше да заврши во мај, но била продолжена без утврден датум за нејзино завршување. „Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил пристаништето во Дананг, Виетнам, соопшти американската морнарица. Носачот, заедно со крстосувач и со разурнувач, потоа бил забележан како минува низ Сингапурскиот теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter