Роналдо свика кризен состанок во Манчестер Јунајтед

Аларм во Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми јавуваат дека Кристијано Роналдо иницирал кризен состанок во клубот незадоволен од тоа како се одвиваат работите на резултатски план.

Капитенот на тимот наводно бил силно незадоволен од новиот тренер Рангник и се заканил дека ако не биде доведен вистински тренер ке си замине. Дека работата е сериозна говори податокот дека во Манчестер итно допатувал менаџерот на Роналдо. Многумина добри познавачи тврдат дека сега се е можно односно дека не би било изненадување ако Португалецот си замине.

Османи в петок на седница на собраниската Комисија за надворешна политика

Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од МНР.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, претходно денеска информира дека преку писмо побарале од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската Комисија и да ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот „план 5+1", откако во декември го одбил нивното барање, што е вели негова законска обврска за отчет пред Парламентот.

– Ова го бараме затоа што сметаме дека не е транспарентно и не е демократски доколку пратениците во софиското Собрание знаат она што македонските пратеници не го знаат и македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи. Дали има нешто да се крие или има нешто да се разговара со сите пратеници, изјави Милошоски.

Во писменото барање се предлага седницата да биде отворена за јавноста и да се одржи што е можно поскоро или од 26 јануари до 15 февруари годинава.

САД постигнале „целосна едногласност“ со сојузниците околу Украина

Стејт департментот повторно ја предупреди Русија дека евентуална воена инвазија на Украина ќе биде пречекана со брз и жесток одговор од Соединетите американски држави и НАТО сојузниците.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс вели дека во текот на неделата, се очекува американската страна да одговори на безбедносните барања на Русија, но и дека на светот само еден човек знае што точно Русија подготвува за Украина

-Кога станува збор за тоа што планираат Русите, јасно е како ден и секој може да го види масовното трупање на руски сили долж границата со Украина. Ние бевме многу јасни дека сме загрижени кога станува збор за други форми на агресија и провокации кои Русите би можеле да ги преземат и кои веќе ги преземале, но има само една личност која знае што подготвува Русија за Украина и таа личност е Владмир Путин, вели Нед Прајс.

А во меѓувреме портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изрази загриженост за најавите дека се спрема терен за итно поставување на американски трупи во Украина и го обвини Вашингтон дека на овој начин ги влошува и онака креквите релации помеѓу двете земји

-Не загрижуваат изјавите дека САД имаат 8,500 војници на готовс, кои се спремни да бидат поставени во Европа доколку дојде до ескалација со украинската криза. Со овие постапки, Вашингтон ги потпалува тензиите во Украина а оваа криза е наметната токму од постапките од страна на САД и НАТО, вели Дмитри Песков.

Додека западот и истокот во континуитет се обвинуваат за тоа кој ги предизвикува ескалациите во регионот, НАТО доцна синоќа даде согласност за испраќање на дополнителни воени сили во Источна Европа како реципроцитет на константното трупање на руска армија долж руско-украинската граница. Доцна синоќа и американскиот претседател Бајден одржа видео средба со речиси сите европски лидери, по што беше соопштено дека постигнале целосна согласност на Москва да и нанесат жестока економска штета, ако изврши напад во Украина.

АА: Транспаренси интернешнал потврди дека Македонија е меѓу најкорумпираните земји

Транспаренси интернешнал денеска и официјално го потврди тоа што Алијанса за Албанците постојано го предупредуваше. 

Сегашниот режим е еден од најкорумпираните во светот и во овогодинешното рангирање е рангиран во групата земји како Танзанија, Суринам, Мароко, Гвајана, Етиопија, Колумбија, итн. За да биде иронијата поголема, земјите кои до вчера важеа за најкорумпирани, денес се во многу подобра позиција од нашата земја, додека далеку од Северна Македонија се диктаторските земји како Куба.

Оваа состојба има само еден виновник, хибридниот режим кој ги заробил правдата и обвинителството и инсталираше корупција во секоја сфера и институција. Да потсетиме дека во ова рангирање придонесоа пасошите за светските криминалци, ослободувањето на локалните криминалци и затворањето на невините граѓани кои немаат пари да ја купат слободата иако им припаѓа.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

притисни ентер