3СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, лишени се од слобода сторителите и против нив се поднесени кривични пријави
ФудбалРоналдо собори уште еден рекордНапаѓачот на репрезентацијата на Португалија и саудискиот клуб Ал-Наср, Кристијано Роналдо постави светски рекорд по бројот на одиграни натпревари на меѓународно ниво, објави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).Роналдо постигна два гола на пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Ирска (3:0), кој беше број 1.226 за напаѓачот. На овој резултат, тој го надмина поранешниот голман на Бразил и Сао Паоло, Рожерио Цени, кој има 1.225 настапи. Според статистиката, Роналдо има учествувано на 698 натпревари во првенствата на Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Саудиска Арабија. Португалецот има уште 101 натпревар во Куп и Супер куп турнирите на овие земји. Покрај тоа, напаѓачот има одиграно 220 натпревари во клупските натпреварувања и 207 за репрезентацијата на Португалија. Триесет и девет-годишниот Роналдо е петкратен освојувач на „Златната топка“, петкратен освојувач на Лигата на шампионите, европски првак и освојувач на Лигата на нации. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на репрезентациите, европските првенства, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Во текот на својата кариера, тој играше за Реал Мадрид, станувајќи најдобар стрелец во историјата на клубот, за англискиот Манчестер Јунајтед, италијанскиот Јувентус и португалскиот Спортинг (Лисабон). Во декември 2022 година, Роналдо се пресели во Ал-Наср од Саудиска Арабија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендериЕвропа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените.А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода. Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. Големите дата центри трошат огромни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на бројот на нови работни места и даночните приходи може да биде ограничен. Еден голем дата центар може да троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно – количина споредлива со дневната потрошувачка на град со 15.000 до 30.000 жители. Владата на Мицкоски не успева да обезбеди доволно чиста вода за пиење за граѓаните, а сега сака огромни количини вода да стави под ризицик за комерцијални дата центри. Огромна потрошувачка на вода носи ризик од притисок врз водоснабдувањето, а огромната потрошувачка на електрична енергија отвора ризик од дополнителен увоз и повисоки цени. Колку дополнителна струја ќе биде потребна за планираните дата центри и колку од неа ќе мора да се увезува? И уште поважно – кој на крајот ќе ја плати таа струја? Повторно граѓаните преку повисоки сметки. Нема одговор ниту на прашањето од каде ќе доаѓа водата за дата центрите. Колкава ќе биде потрошувачката? Дали ќе има испуштање затоплена вода назад во реките и какви последици тоа може да има врз биодиверзитетот и животната средина? Водата и струјата не смеат да станат скапа авантура од која ќе профитираат блиските до Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а цената ќе ја плаќаат граѓаните. СДСМ е против ставање на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта. Затоа бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи за ладење со испарување на вода. Водата и струјата се стратешки ресурси на граѓаните, а не нов извор за тендерски профити на ВМРО-ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)Четири лица загинаа вчера во хеликоптерска несреќа во Рио де Жанеиро за време на 20-минутен панорамски лет во Националниот парк Тижука, објавија бразилските медиуми.Пилотот и тројца колумбиски туристи загинаа, објави порталот „G1“. Um helicóptero caiu na Vista Chinesa, no Rio de Janeiro, neste sábado (08), deixando o piloto e 3 passageiros mortos, o modelo Robson 44 foi encontrado em mata de difícil acesso e causou fogo na região, equipes de combate ao fogo foram mobilizadas.#Brasil #Brazil pic.twitter.com/QKqfhnamsO — Hugo Borges (@hbj_r77032) August 8, 2026 Хеликоптерот се урна во тешко пристапна пошумена област. VÍDEO: Queda de helicóptero deixa quatro mortos no Rio de Janeiro https://t.co/lKa57Q7vJ0 — oliberal.com (@oliberal) August 8, 2026 Пожарникарите мораа да користат техники за пристап со јаже за да стигнат до местото на несреќата и да го изгаснат пожарот што избувна откако хеликоптерот се урна и ја зафати вегетацијата.Тагови: Бразил хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Скопје расчисти неколку кривични дела, лишени се од слобода сторителите и против нив се поднесени кривични пријавиЕдиницата за насилен криминал при СВР Скопје - Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје.Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш потоа, во 21:35 часот тој е лишен од слобода и бил пронајден ножот, а по документирање на случајот му е поднесена пријавата, по што е спроведен во пред судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Додека, Одделението за семејно насилство поднесе кривична пријава против С.Р.(57) поради псотоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда” по член 131 и „телесна повреда" по член 130 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека во повеќе наврати физички ги напаѓал неговата 47-годишна сопруга, нивните две ќерки и нивниот син, а последен пат тоа го сторил на 07.08.2026 кога во семејниот дом во скопско со тврд предмет ги нападнал сопругата и една од ќерките, при што на сопругата нанел тешка телесна повреда, а на ќерката телесна повреда. По преземени мерки, на 08.08.2026 во 09:40 часот тој е лишен од слобода и во консултација со ОЈО му е поднесена пријавата по брза постапка, а од судија на претходна постапк му е одреден притвор во траење од осум дена.Тагови: СВР Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook