Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
1Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ФудбалРоналдо сепак не заминал од Саудиска Арабија- Ал Наср објави како тренира со тимот (ФОТО)Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, не ја напуштил Саудиска Арабија, како што претходно беше објавено во многу светски медиуми.Неговиот клуб, Ал Наср, објави фотографии од тренинг, каде што се гледа дека Португалецот тренира со тимот, со што ги негира приказните дека ја напуштил Саудиска Арабија со приватен авион поради војната што го зафати Блискиот Исток во конфликтот меѓу Израел и Америка против Иран. Почнаа да паѓаат бомби врз многу земји на Арапскиот Полуостров, во Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, па дури и во Саудиска Арабија. Сепак, Роналдо очигледно не чувствува страв во Ријад, па останал со тимот и тренира, очекувајќи ги следните натпревари. View this post on Instagram A post shared by نادي النصر السعودي (@alnassr) Натпреварите од Азиската Лига на шампиони се одложени, а ќе видиме што ќе се случи со натпреварите во лигата на Саудиска Арабија во наредните денови. Ал Наср моментално е прв во лигата на Саудиска Арабија по 24 кола, со шест кола до крајот и има два бода повеќе од Ал Ахли и три повеќе од Ал Хилал.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветТрамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во МоскваАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСе појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на ФенербахчеХаотични сцени се одвивале по реванш-натпреварот од плејофот за Лигата на шампионите меѓу Лион и Фенербахче. Последниот судиски свиреж поттикна жесток судир меѓу играчите, а сега се појавија и нови снимки кои фрлаат дополнително светло врз самиот почеток на тепачката. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога ситуацијата со Матео Гендузи прерасна во физичка пресметка. Според снимката и извештаите на разни медиуми, тренерот на голманите на Лион, Антонио Фереира, истрчал кон играчот на Фенербахче и се обидел да го удри со нога, изведувајќи потег во стилот на карате. Ова предизвика реакција кај персоналот на Фенербахче, а конфликтот брзо ескалираше во масовна тепачка. Видеото поттикна бројни реакции на социјалните мрежи, особено затоа што сега појасно може да се види моментот што му претходеше на ескалирањето на ситуацијата. Сепак, целата приказна имаше свој вовед. За време на натпреварот, Гендузи беше во центарот на вниманието во напнатата атмосфера, првенствено поради неговиот претходен ангажман во Олимпик Марсеј, голем ривал на Лион. 🚨🚨 The aftermath of the Lyon vs Fenerbahçe match. 😳👊 pic.twitter.com/maRawLYIOu — EuroFoot (@eurofootcom) August 26, 2026 Французинот беше гласно исвиркан од публиката за време на загревањето, на што тој одговори покажувајќи им среден прст на навивачите. По натпреварот, тој дополнително ги провоцираше домашните играчи со гестикулации и извици „Allez l'OM“ (Напред Олимпик Марсеј). Неговото однесување дополнително ги разбесни домашните играчи и стручниот штаб, а ситуацијата целосно излезе од контрола по последниот судиски свиреж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаММА и МРТ: Да се истражи работата на спортските канали Арена во МакедонијаОд ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола.Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум. Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“. „Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик! ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на АВМУ. Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија. За жал долгогодишното незаконско реемитување на одредени канали од регионот како што се Хрватска, Албанија, Босна и Србија бараме кончено да влезе во радарот на македонскиот регулатор“, велат од ММА и МРТ. Оттаму додаваат дека нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Јуроњуз Македонија, односно АВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена премиум каналите, „како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград“. „Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило. ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во АВМУ“, велат од ММА и МРТ.Тагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook