Роналдо се поднови со Бугати од 8 милиони евра - Канал 5

Роналдо се поднови со Бугати од 8 милиони евра

Кристијано Роналдо по сè изгледа се одлучи за  Бугати, двојно поевтино од најскапото.

Роналдо се поднови со Бугати од 8 милиони евра

По неколкумесечна расправа дали Роналдо е мистериозниот купувач на најскапиот сериски автомобил на светот,Bugatti La Voiture Noire од 16 милиони евра, сега доаѓа информацијата дека славниот фудбалер се определил за поевтината опција, но од истиот производител.

Наводно станува збор за модел Centodieci, чие производство е ограничено на само 10 примероци, секој со почетна цена од околу 8 милиони евра. Тоа е модел со кој Бугати му оддава почит на легендарниот EB110.

Ако веста покаже дека „штедливиот“ Роналдо сепак го купил двојно поевтиниот Bugatti true, станува збор за брутален ѕвер со познатиот мотор W16, но сега има додени 100 КС или вкупно 1.600 КС. Со употреба на карбон, тежината на автомобилот се намали за 20 кг во однос на Chiron, а аеродинамиката е малку рафинирана. Дополнителната моќност значи дека 100 км на час ќе бидат достапни за 2,4 секунди, на 200 км на час ќе стигне за 6,1 секунда, а 300 км на час ќе се постигнат седум секунди подоцна. И така до ограничените 380 км на час.

Ако Роналдо е навистина купувачот, тогаш прашање е кои се другите купувачи. Поточно, Бугати реши да ги произведе десетте планирани примероци за цели пет години и тоа по два примерока годишно. Потсетете се дека Роналдо во својата колекција има голем број егзотични автомобили, а од витрината на Бугати досега ги избра Chiron и Veyron Grand Sport Vitesse.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн.

53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.

Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил.

Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие.

Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи.

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер