Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ФудбалРоналдо по елиминацијата на Ал-Наср од Купот: Продолжуваме да се боримеКристијано Роналдо објави мотивациски твит.Претходно, Ал-Наср со Кристијано во стартниот состав е елиминиран од Купот на Саудиска Арабија, губејќи во полуфиналето од Ал-Вахда. Во јануари Ал-Наср беше елиминиран од Суперкупот на Саудиска Арабија, губејќи од Ал-Итихад во полуфиналето (1:3). -Продолжуваме да се бориме и да работиме напорно за да се подготвиме за следните натпревари, напиша Роналдо. Ал-Наср оваа сезона може да остане без трофеи. На шест кола до крајот заостанува три бода зад Ал-Итихад, лидерот во поредокот, кој одигра и еден натпревар помалку. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 138 милиони денари за реконструкција на 18 улициВо Аеродром, во Долно Лисиче се гради нова спортска сала, а во Ново Лисиче мултифункционален културен центар.Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да инвестира во развојот на општината, во подобра инфраструктура, современо образование, подобри услови за децата, чиста животна средина, спорт и безбедност. Во изминатиот период реализирани се и започнати голем број проекти низ сите населби во Аеродром, со цел граѓаните да добијат подобри услови за живот и функционална општина. Еден од најголемите инвестициски циклуси е во сообраќајната инфраструктура, за што се обезбедени 138 милиони денари за реконструкција на 18 улици со вкупна должина од 5,4 километри. Целосно е реконструирана улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, се реконструира „Лисец“ во Горно Лисиче, а се работи и на повеќе краци од „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“. Паралелно се уредуваат и други сообраќајни и пешачки површини, а со поддршка од Градот Скопје е реконструирана улицата „Фрањо Клуз“ во должина од еден километар, додека на кракот од булеварот „Трета македонска бригада“ е поставено ново улично осветлување. Во следниот период продолжува модернизацијата на јавното осветлување преку воведување смарт-осветлување, со кое ќе се обезбеди поефикасен и поекономичен систем. Се инвестира и во водоводната инфраструктура, така на улицата „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче е поставена нова водоводна мрежа во должина од 1.000 метри, инвестиција од 12 милиони денари, обезбедени од македонската Влада, а во Долно Лисиче се реализираат активности за унапредување на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето. За Општина Аеродром, образованието е меѓу најважните приоритети, па така веќе е ставен во функција новиот објект на ООУ „Блаже Конески“, а во тек е втората фаза со доградба, нова спортска сала, спортски терени и уредување на училишниот двор. Во ООУ „Александар Македонски“ се обезбедени услови за целосна едносменска настава, во ООУ „Димитар Македонски“ учениците од шесто до деветто одделение од 1 септември следат настава во една смена, а во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче се градат шест нови училници и две канцеларии. Дополнително, училниците се модернизираат со современа технологија, смарт-табли и таблети, најуспешните ученици и наставници се наградуваат, а преку топлински пумпи и фотоволтаични системи, се инвестира во енергетската ефикасност на училиштата. Подобри услови се создаваат и во детските градинки, така што во тек е постапката за проектирање на првата градинка во Долно Лисиче, со проширувањето на „Изворче“ во Стар Аеродром ќе се обезбеди простор за повеќе од 400 деца, по 33 години е реконструиран горниот кат на „Буба Мара“, а во „Бамби“ е поставена нова термофасада. Особено внимание се посветува на децата со развојни потешкотии и попреченост преку бесплатни логопедски и дефектолошки третмани и активности за инклузивно образование. Општина Аеродром, исто така, продолжува со мерки за поддршка на семејствата со новороденчиња и првачиња, додека со мерката „Нула комуналии – прв дом за млади“, младите до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии при создавање на својот прв дом, а преку официјализирана соработка со Здружението на пензионери Аеродром е обезбедена финансиска поддршка за активностите на највозрасните граѓани. За почиста и позелена општина, само во првите месеци се исчистени повеќе од 600 тони отпад и голем број диви депонии, започна и селекцијата на пластичен отпад директно од домаќинствата, додека во Ново Лисиче е поставен систем за полевање во должина од 2,5 километри со повеќе од 300 прскалки и се набави нова механизација за одржување на зелените површини. Од друга страна, во соработка со Градот Скопје и Општина Гази Баба се преземаат активности за решавање на проблемот со „Вардариште“. Се обновуваат детските игралишта, спортските терени и јавните површини. Во паркот „Авионче“ е изградено ново кошаркарско игралиште, а се поставуваат и нови фитнес и калистеника-зони. Во тек е изградбата на првата спортска сала во Долно Лисиче, а жителите на Аеродром имаат и можност за бесплатно користење на тениските терени, додека во Ново Лисиче започна изградбата на првиот мултифункционален културен центар, кој ќе понуди нов простор за културни настани и содржини за сите генерации. Започната е реализацијата на проектот за видеонадзор во општината, а паралелно се подобрува уличното осветлување и се засилуваат контролите на комуналниот ред, бучавата и градилиштата, а општината продолжува и со унапредување на транспарентноста и комуникацијата со граѓаните, со можност за анонимно оценување на работата на администрацијата. Аеродром се развива со конкретни проекти, инвестиции и работа на терен. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо продажба монета од еден долар со ликот на ТрампЛикот на Доналд Трамп се појави на американска монета, што го прави првиот жив претседател што се појавил на американската валута по повеќе од еден век. Ковачницата на пари на САД во среда издаде комеморативна монета од еден долар со портретот на Трамп и зборовите „во бог веруваме“. Монетата е издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си. Ковачницата соопшти дека специјалната серија монети го отелотворува „духот, гордоста и наследството на една нација што се приближува кон својата историска годишнина“. Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а кеса од 100 чини 154,50 долари. Само неколку часа по почетокот на продажбата, веб-страницата на ковачницата објави дека сите залихи се распродадени. Монетата е „дизајнирана да ја прослави оваа историска национална пресвртница“, а нејзиниот дизајн „што се случува еднаш во генерацијата“ треба да стане „истакнат додаток на модерните колекции“, додаде ковачницата. Монетите се достапни и преку автомати во продавницата на ковачницата на САД во Вашингтон. 🇺🇸🪙 EUA lançam a moeda oficial de um dólar com o rosto de Donald Trump 🏦 A Casa da Moeda dos EUA colocou oficialmente à venda a nova moeda comemorativa de um dólar com a efígie do presidente Donald Trump, para celebrar o 250º aniversário da independência do país. 👉 Trump… pic.twitter.com/FXAVJSLfXk — Sputnik Brasil (@sputnik_brasil) September 2, 2026 Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометМинистерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер КупотМинистерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид. РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување. Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот. „Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter