„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
2„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
ФудбалРоналдо: Моите години не се важни, сакам да го освојам Светското првенство Кристијано Роналдо за Би-Би-Си изјавил дека има намера уште долго време да игра на највисоко ниво.Напаѓачот на Јувентус во февруари ќе наполни 36 години, но тој сепак игра многу добро и во моментов е водечки стрелец во Серија А, иако неговиот тим веќе заостанува десет бода зад водечкиот Милан. "Мојата возраст не е важна. Сè што е важно е каква е мојата душевна состојба , што е одлична. Се чувствувам одлично, среќен сум и максимално сум посветен на она што го работам. Во моите очи, иднината е светла и се надевам дека ќе играм уште многу години". рече Португалецот и продолжи: "Им велам на помладите играчи дека мораат да уживаат во моментот, бидејќи никогаш не се знае што ќе биде утре. Фудбалот е таков. Не е важно дали Кристијано Роналдо е добар кога утре носи нешто друго. Мојот сон е да го освојам Светското првенство и мислам дека Португалија има шанса во Катар 2022 . година." Тој се надева дека навивачите наскоро ќе се вратат на стадионите. "Да играш на стадион без навивачи е како да доаѓаш во циркус и да не гледаш кловн. Сите веќе сме луди со оваа пандемија и искрено се надевам дека навивачите ќе се вратат наскоро. Знам дека мора да ги следиме правилата, но не сакам фудбал без навивачи". - рече Португалецот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков.Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, врзани за учеството во економските, политичките, образовните, научните и културните односи во татковината. Неспорно е дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво, се согласија соговорниците. Претседателката ги информираше за усвоената Национална стратегија за дијаспората, како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон нивно полесно и побрзо интегрирање во македонскиот општествен живот, како и за тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, предочувајќи им ја можноста и потребата да номинираат свој претставник во него. Нашинците изразија интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори, за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво, како и за интересот за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како на пример, консултирање при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други. Исто така, во разговорот, Дурловски и Јанков предочија дека релативизацијата на географијата и далечината, со подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонска дијаспора, го зголемува интересот за запознавање, студирање, работа и живот во земјата на нивните родители и претци. На крајот, претставниците на македонската дијаспора од Канада и укажаа на претседателката на обврската да ја посети Канада и на лице место да ги собере, види и чуе мислењата на нашите иселеници за прашањата што ги засегаат, а тие, нејзините!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
Свет„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаиКлиматските научници проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да починат во текот на следните шест месеци поради екстремните горештини предизвикани од „супер Ел Нињо“.Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во светот во следните шест месеци би можеле да бидат поврзани со екстремните горештини што ги носи исклучително силниот Ел Нињо, покажуваат проценките на климатски научници. Проекцијата од околу 451.000 случаи се однесува на периодот од септември до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со долгорочниот раст на температурите. Научниците предупредуваат дека зголемената смртност од горештините би можела да продолжи и до јуни или јули следната година. Најпогодени во следните шест месеци се очекува да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека меѓу најизложените региони се Сахел и Југоисточна Азија. Во САД се проценуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури. Проекциите се базираат на податоци за односот меѓу температурите и дополнителната смртност во повеќе од 24.000 региони низ светот, комбинирани со прогнозите за Ел Нињо. Научниците велат дека сегашниот Ел Нињо веќе ги надминал претходно забележаните температурни рекорди за овој климатски феномен, неколку месеци пред очекуваниот врв. Покрај екстремните горештини, се очекува зголемен ризик од суши, шумски пожари и поплави, како и последици врз производството и цените на храната. Како итни мерки се препорачуваат подобри предупредувања за топлотни бранови, отворање центри за разладување, дополнителен медицински персонал и поголема заштита на луѓето што работат на отворено. Научниците нагласуваат дека Ел Нињо е природен климатски феномен, но дека неговите последици можат дополнително да се засилат поради глобалното затоплување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степениУтрово е биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter