Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите - Канал 5

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека со освојувањето на Европското првенство во Франција му се исполнила една од најголемите желби во неговата кариера.

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите
- Многу сум среќен. Чекав за трофејот долго време, уште од 2004 година му се молев на Бога да ни даде втора шанса затоа што заслуживме. Отсекогаш сум сакал да стигнам до трофеј со репрезентацијата и го постигнав тоа. Ова е еден од најубавите моменти во мојата кариера, изјави Роналдо по натпреварот.

Тој финалето на ЕУРО 2016 против домаќинот Франција поради повреда на левото колено го напушти во 24.минута.

- Морав да излезам од теренот, но верував во моите соиграчи. Народот во Португалија го заслужи овој успех, заклучи Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид ги обедини најзначајните европските трофеи од Лигата на шампионите и Европското првенство.

Португалија до првата титула на континенталниот шампионат стигна по победа над Франција со 1:0 по продолженија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал.

„Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков.

Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите.

„Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков.

Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките.

„Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков.

Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража.

„Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра

Истрагата за грабежот од повеќе милиони евра на трезорот на Алта банка доби нов епилог.

Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра

Дубравко Мацура, брат на претходно притворениот сопственик на банката Давор Мацура, и Татјана Бундало, директорка на Алта Пеј Груп, беа уапсени утрово по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, соопшти „Телеграф.рс“.

Двајцата новоуапсени се товарат за директна вмешаност во подигање огромни суми пари од трезорот на банката. Дубравко Мацура ќе биде донесен во обвинителството на сослушување денес попладне, по што ќе се донесе одлука дали да се одреди притвор. Од друга страна, сослушувањето на Татјана Бундало сè уште не е закажано, бидејќи обвинителите во моментов собираат дополнителна документација за нејзината улога во овој финансиски синџир.

Фиктивни уплати и физичко подигање готовина

Утринската акција е продолжение на голема истрага започната кратко по изборите, а само три дена откако Народната банка на Србија (НБС) ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка. Сопственикот на банката, Давор Мацура, директорот на одделот за благајна и управување со готовина, и еден соработник за благајничко работење беа тогаш зад решетки. Сите се уште се во притвор.

Обвинителството се сомнева дека Мацура ја оштетил банката за повеќе од 45 милијарди динари, или астрономски 390 милиони евра. Документацијата на обвинителството, до која КРИК имал пристап, открива добро развиен механизам - само мал дел од овие пари биле физички изнесени од зградата, додека поголемиот дел никогаш не стигнале до трезорот на банката:

Физичко отстранување (17 милиони евра): Според истрагата, соработниците во благајната физички изнеле готовина од банката во име на Мацура, без да остават никаква писмена трага во деловните книги.

Фиктивни приходи (околу 370 милиони евра): Најголемиот дел од сумата доаѓа од приходите на менувачницата на Мацура, Алта Пеј. Овие пари биле лажно евидентирани во документацијата како да биле уредно доставени во трезорот на банката, додека Мацура, како што се сомнева обвинителството, ги чувал за себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорците се оградуваат од нивната претставничка на Мис Универзум, која „леташе орли“: Не е наша

Претставничката на Црна Гора на Мис Универзум, Марија Александра Ивезај, предизвика вистински скандал на натпреварот за Мис Универзум во Порторико пред неколку дена.

Црногорците се оградуваат од нивната претставничка на Мис Универзум, која „леташе орли“: Не е наша

Имено, таа покажа „двоглав орел“ на сцената и со тој потег ја шокираше локалната јавност, организацијата „Мис Монте“ реагираше и се дистанцира од натпреварувачката, што предизвика бурни реакции во регионот.

За време на претставувањето на Црна Гора на натпреварот за Мис Универзум во Порторико, Марија Александра Ивезај покажа двоглав орел со рацете, што е симбол на таканаречената „Голема Албанија“, со објава на социјалните мрежи во која наведува дека е горда Албанка која ја претставува Црна Гора на ова натпреварување.

- Многу луѓе ме прашаа зошто го покажав албанскиот орел за време на моето претставување на натпреварот за Мис Универзум. Размислував за тој момент пред да излезам на сцената и ОДБРАВ да го направам тоа затоа што сакав девојките со албанско потекло од Црна Гора да видат дел од себе таму горе со мене. Двајцата мои родители се родени и израснати во Црна Гора. Моето семејство е од Тузи и пораснав враќајќи се таму секое лето. Тоа што сум Албанка е дел од приказната на моето семејство, а Црна Гора е дел од таа приказна. Кога реков „Црна Гора“ на таа сцена и го кренав орелот, бев горда и на двете. Дојдов на Мис Универзум со надеж дека луѓето од малцинските заедници во Црна Гора ќе се чувствуваат претставени. Прославувањето на нашето наследство беше еден од најлични начини на кои можев да оддадам почит на земјата што моето семејство ја нарекува дом. Би го направила тоа повторно - напиша таа на Инстаграм, каде што во описот на нејзиниот профил пишува Мис Универзум Црна Гора 2026 и додаде на англиски: „Горда Албанка што ја претставува Црна Гора“.

Сепак, организацијата „Мис Монте“ експлицитно нагласува дека таа не е носител на нивната титула ниту официјален претставник на земјата под нивно покровителство, туку дека официјалната Мис Црна Гора за 2026 година е Маша Вукиќевиќ, која има право да учествува на натпреварот за Мис на светот. „Прво на сите, сакаме да истакнеме дека дотичната девојка не е официјален претставник на Црна Гора во рамките на нашата организација, ниту носител на официјалната титула Мис Црна Гора. Затоа, нејзините постапки и јавни настапи не можат да се припишат на официјалната претставничка на нашата земја, ниту на организацијата која има право да избере и испрати претставничка на Црна Гора на натпреварот Мис на светот. Ваквото неточно известување ја заведува јавноста, создава лажна слика за официјалните претставнички и го поткопува континуитетот и кредибилитетот на натпреварот Мис Црна Гора. Од 2006 година се води евиденција за официјалните носители на титулата Мис Црна Гора, со имињата на претставничките и нивните резултати на меѓународниот натпревар Мис на светот. Црна Гора не е само име на лента. Тоа е идентитет, историја, култура, традиција и чувство на припадност. Затоа веруваме дека статусот на официјален претставник на една земја мора да се утврди врз основа на јасни и проверливи критериуми, а не преку произволно медиумско претставување“, велат тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер