Роналдо и Леброн на врвот , Ѓоковиќ далеку зад Надал на листата на 100 најпознати спортисти - Канал 5

Роналдо и Леброн на врвот , Ѓоковиќ далеку зад Надал на листата на 100 најпознати спортисти

Американската медиумска куќа ЕСПН ја објави годинашната листа на 100 најпознати спортисти, според тоа колку често се пребаруваат нивните имиња на интернет , какви спонзорски договори поседуваат и колку се популарни на социјалните мрежи.

Роналдо и Леброн на врвот , Ѓоковиќ далеку зад Надал на листата на 100 најпознати спортисти

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на 20 тото место , а далеку пред него се неговите ривали Федерер и Надал. Прв на листата е фудбалерот Роналдо ,а по него твездата на НБА , Леброн Џејмс. Меѓу првите петмина се Лионел Меси , Нејмар и ММА борачот Конор Мекгрегор.

Федерер не на шестото место , индискиот крикет играч Стеф кари е на деветтото , а на десетто место е Тајгер Вудс.

Најдобриот тенисер на светот Ѓоковиќ е на 20. место , но како за утеха зад него се шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон , како и фудбалеритер Златан Ибрахимовиќ и Серхио Рамос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Најмалку 15 лица се удавија додека се обидуваа да стигнат до Сеута. Локалните власти апелираа до Мадрид за помош по неодамнешното зголемување на обидите за преминување на мигрантите, но вчера имаше хаотични сцени бидејќи граничните контроли не можеа да ги запрат.

Врховниот суд на Шпанија,овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат по брза постапка да бидат вратени во Мароко.

Шпанското министерство за внатрешни работи ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека го искористуваат тоа за „поттикнување на протокот на мигранти“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во Софија вчера се одржал првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на коридор 8.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот, соопштија од минситерството за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер