Роналдо и Ирина уживаат на одмор!!

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо ги информираше своите фанови дека заедно со својата девојка Ирина е на одмор.

Капитенот на Португалија по напорната сезона во кралскиот клуб од Мадрид во моментов е на заслужен одмор.

Роналдо на својот профил на социјалните мрежи постави фотографија , на која е заедно со својата девојка убавата манекенка Ирина Шајк, со коментар.

-Уживаме на одмор.

Фотографијата е направена во приватен авион, кога познатата двојка летала кон некоја следна егзотична дестинација .

Тој до неодамна беше сам, со двајца другари, на неговата луксузна јахта во Флорида додека Ирина работеше во Њујорк. Но, еве се нашле и заедно отишле којзнае каде!

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

Амбасадорката Брнз на Твитер: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократски процес

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз се огласи на Твитер за избориуте во земјава. 

-Задоволна сум што ги гледам граѓаните на оваа земја како учествуваат во демократски процес. Тим од амбасадата на САД му се придружува на ОБСЕ, граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидат таму заедно со нив, напиша на Твитер, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз.

Во Општина Велес до 11 часот излезноста 19,67 проценти

На 84 избирачки места во Општина Велес од вкупно 45.989 регистрирани гласачи, до 11 часот излегле 19,67 проценти или 9.046 граѓани со прави на глас.

Како што информира за МИА, претседателката на ОИК, Лили Велковска, на сите избирачки места гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без инциденти.

притисни ентер