Роналдо го доби спорот против Јувентус, ќе мора да му исплатат цело богатство

Кристијано Роналдо (39) ја доби правната битка против Јувентус поради спорот околу платата.

Јувентус ќе мора да му плати на Роналдо околу десет милиони евра плус камата, бидејќи судот пресуди за долгуваната плата. Да потсетиме, Португалецот побара од италијанскиот гигант да му исплати дури 19,9 милиони евра заостанати плати кои не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Јувентус двапати ги намали платите за време на кризата со корона. Прво, во 2020 година им ги намали платите на сите играчи подеднакво за да заштеди пари бидејќи немаше приход од билети и натпревари, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалување на платата.

Во тој момент Роналдо заработуваше 31 милион евра нето годишна плата и се согласи да ја намали платата на речиси 20 милиони евра додека не заврши пандемијата. Јувентус никогаш не му ги платил тие пари, па се одлучил за оваа тужба. Роналдо за Јувентус одигра 134 натпревари. Тој постигна 101 гол и забележа 22 асистенции од летото 2018 до летото 2021 година.

Борел: Грузија се оддалечува од патот кон ЕУ со новиот анти-ЛГБТ+ закон

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел ја повика Грузија да го укине новиот закон што ги ограничува правата на ЛГБТ+ заедницата, истакнувајќи дека тој „ја оддалечува земјата од ЕУ“.

„Овој закон ќе ги поткопа основните права и ќе ја зголеми дискриминацијата и стигматизацијата“, напиша Борел на социјалната мрежа „Икс“.

Законот вчера беше усвоен од Парламентот на Грузија, но наиде на осуда од страна на Европската Унија и организациите за човекови права. Противниците тврдат дека законот ги нарушува правата на ЛГБТ+ заедницата и ја отежнува евроинтеграцијата на Грузија.

Новиот закон, сличен на оној што е во сила во Русија, беше одобрен од пратениците од владејачката партија Грузиски сон на гласањето бојкотирано од опозицијата и во услови на конзервативна и антизападна влада.

Драги: За подобра конкурентност на ЕУ потребна е поблиска соработка и интеграција меѓу земјите

 ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања.

Одржувањето на европскиот начин на живот мора да се базира на подобрување на конкурентноста, за што е потребна поблиска соработка и интеграција меѓу европските земји, порача поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка, Марио Драги при претставувањето пред европратениците на неговиот Извештај за иднината на европската конкурентност.

- ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања: намалување на иновацискиот јаз со САД и Кина, развивање заеднички план за поврзување на целите за декарбонизација со зголемување на конкурентноста и зајакнување на безбедноста на Европа и намалување на нејзината зависност од странски економски сили, изјави Драги.

Тој потенцира дека за спроведување на плановите за зајакнување на конкурентноста и реализација на конкретни проекти за остварување на поставените цели, годишно ќе бидат потребни меѓу 750 и 800 милијарди евра.

- Дел од овие средства би можеле да дојдат од приватни извори, но дел, исто така, ќе треба да се обезбедат преку јавни инвестиции, вклучително и со нови заеднички задолжувања наменети специјално за финансирање на клучните заеднички проекти, рече Драги.

Во дебатата по обраќањето на Драги, поголем број европратеници се согласија со оценките во неговиот извештај дека економијата на ЕУ мора итно да го промени својот курс. Според нив, ЕУ треба да се фокусира на зајакнување на конкуренцијата и зголемување на иновациите во клучните индустриски сектори, заедно со повеќе јавни и приватни инвестиции во социјалните, зелените и дигиталните трансформации.

Во дискусиите беше посочено и дека треба да им се помогне на граѓаните да ги приспособат своите вештини на потребите на индустријата, за што се потребни иновативни технологии и социјални инвестиции кои ќе бидат компатибилни со поставените цели за економски раст.

Од друга страна, некои европратеници се заложија на „поголем суверенитет“ на земјите членки и за „послободни пазари“, нагласувајќи дека мерките за справување со климатските промени „ја саботираат економијата на ЕУ“.

Јанчев: Подготовки за асфалтирање на краци од ул. „25 Мај“

На општина Кавадарци и се доделени средства од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, соопшти градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

„Подготовки за асфалтирање на краци од ул. ,,25 Мај’’ во должина од 440м и површина од 3420 м2 која е во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта’’.

На општина Кавадарци и се доделени средства од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, во износ од 1.112.010 евра кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура.

Изведувач на работите e Градба Промет.

Кавадарци за сите!“, објави Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер