Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година, заработил двојно повеќе од Меси - Канал 5

Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година, заработил двојно повеќе од Меси

Еден од најдорбите светски фудбалњри во последните десеттина години, Португалецот, Кристијано Роналдо повторно е на врвот на годишната листа на Спортика за најплатени спортисти на светот.

Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година, заработил двојно повеќе од Меси

Еден од најдорбите светски фудбалњри во последните десеттина години, Португалецот, Кристијано Роналдо повторно е на врвот на годишната листа на Спортика за најплатени спортисти на светот, со заработка двојно поголема отколку неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси во 2025 година.

Напаѓачот на Ал-Наср во 2025 година заработил фантастични 260 милиони долари, а меѓу првите 100 најплатени спортисти има 13 фудбалери, за одбележување е падот на листатана најплатени на Бразилецот Нејмар,, објави Goal.com.

Роналдо е на врвот на листата на Спортика трета година по ред. Неговиот договор со клубот од Саудиската професионална лига наводно му носи 200 милиони долари годишно, плус 60 милиони долари Кристијано заработил од другите бизниси.

Португалецот заработувал најмалку 100 милиони долари девет години по ред, а ова е трета година неговата заработка да надмине 200 милиони долари.

Успехот на Кристијанонадвор од теренот се темели и на рекорден број следбеници на социјалните мрежи, кој вкупно изнесува над една милијарда, и профитабилни спонзорски партнерства со компании како што се Nike, Herbalife, Binance, Perplexity, Yili и Therabody.

Најголемиот ривал на Роналдо од зелениот терен, Аргентинецот Лионел Меси е трет на листата со заработка од 130 милиони долари во 2025 година, што е „само“ половина од онаа на Роналдо.

Аргентинската ѕвезда потпиша нов договор со победникот на МЛС Купот, Интер Мајами, кој ќе го задржи до 2028 година. Во меѓувреме, Роналдо работи и на продолжување на договорот со Ал-Наср до летото 2027 година, а се вели дека двајцата би можеле да играат на Светското првенство оваа година во САД, Канада и Мексико.

Меѓу двајцата фудбалери, втор на листата на најплатени спортисти е мексиканскиот боксер Канело Алварез, благодарение на профитабилниот договор со саудиските промотери.

Бразилецот Нејмар, падна на 30-то место на листата. Откако го раскина договорот со саудискиот Ал-Хилал, тој се врати во својот матичен клуб Сантос на почетокот на 2025 година. Поради значително помалите заработки во Јужна Америка, неговата заработка се намали за речиси 50 милиони долари во споредба со претходната година.

Вкупната заработка на 100-те најплатени спортисти е 6,05 милијарди долари, што е намалување од 2,1% во споредба со минатата година. Прагот за влез на машката листа беше 37,9 милиони долари, додека најплатен спортист е тенисерката Коко Гоф со заработка од 37,5 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

ОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер