Рон Џереми повторно се кандидира за претседател на САД!

Легендарниот порно актер Рон Џереми, кој пред две години имаше голем здравствен проблем поради срцевата анеуризма им се враќа на своите „вообичаени активности“.

Секако не на снимањето на филмови за возрасни , туку на неговата кандидатура за претседател на Америка 2016 година!

Ако не сте знаеле за легендарниот Џереми тоа е една редовна појава , бидејќи тој конкурираше за претседател и на изборите во 2008 и 2012 година, а поразите дефинитивно не го обесхрабриле.

-Можам долго да издржам, порачува Рон Џереми.

Во согласност со својата кариера Рон дополни.

-И онака некој ќе ве е.., па нека ве е.. професионалец!, заклучи познатиот актер.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер