Ромите и денеска блокираат улици и патишта со барање да возат без возачка дозвола- Мицкоски најави жесток одговор од МВР - Канал 5

Ромите и денеска блокираат улици и патишта со барање да возат без возачка дозвола- Мицкоски најави жесток одговор од МВР

Блокадите и протестите на граѓани од ромската заедница кои се противат на новите закнски измени и бараат да возат без дозволи продолжија и денеска. 

Ромите и денеска блокираат улици и патишта со барање да возат без возачка дозвола- Мицкоски најави жесток одговор од МВР

Или да возат без положен возачки испит или државата да им овозможи полесно да дојдат до возачка оти, како што велат немаат завршено образование за да полагаат. Ова се условите на дел од ромските граѓани кои попладнево со автомобили блокираа дел од регионалните и градски патишта. Од блокадата на патот Прилеп – Плетвар порача дека возилата им се извор на егзистенција, а со новиот закон можат да им бидат одземени возилата трајно доколку возат без дозвола.

Протести имаше и во главниот град – Улицата Скупи беше затворена на еден час поради сличните барања. Одземањето на возилата за нив е неприфатливо. Инаку протестите започнаа вчера во неколку градови, меѓу кои Прилеп, Струмица и Кочани, откако полицијата одзеде возила на неколку лица кои возеле без да поседуваат возачки дозволи, а дел од нив и самите во изјавите кажаа дека по 30 години возеле на тој начин.. Во текот на ноќта се палеа гуми, се блокираа улици, а паднаа и закани за пресметки со полицијата...

По протестите премиерот Мицкоски кажа дека побарал жестока реакција од МВР на секое нарушување на јавниот ред и мир,.

Инаку, со последните измени на кривичниот закон се овозможи оној кој ќе управува моторно возило без положен возачки испит, истото да му биде трајно одземено, без разлика дали возилото е негово или е позајмено од некој близок или роднина...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер