СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки
Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство
1СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки
2Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
ФудбалРомански тренер откри што ќе се случеше, доколку Меси не ја ставеше црната наметка Лео Меси го крена трофејот на светски шампион облечен во црна наметка, или бишту, традиционална наметка што ја носат богатите граѓани на Катар кои често ја носат преку остатокот од облеката.За време на церемонијата на предавање на трофејот на светскиот шампион, непосредно пред славниот Аргентинец да го подигне пехарот, наметката му ја стави катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани. Тој потег предизвика многу дискусии во фудбалскиот свет. Многумина биле револтирани од тој потег, тврдејќи дека шеикот на тој начин му ја украл славата на Меси и дека најдобриот играч на светот требало да го одбие тој чин и да го прими пехарот во аргентински дрес. „Но зошто? Немаше потреба од тоа“, вели 37-годишниот поранешен аргентински репрезентативец Пабло Забалета, кој како стручен коментатор за Би-Би-Си го следеше финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција. Сепак, има и такви кои ја оправдуваат реакцијата на Меси со тврдењето дека тој се однесувал достоинствено и дека не сакал да предизвика никаков скандал од почит кон домаќинот. Романскиот селектор Ципријан Панаит, кој долги години работи во земјите од Персискиот залив, изјави дека е добро за Меси што ја облекол наметката бидејќи секоја друга реакција би предизвикала многу проблеми, па дури и дипломатски скандал, а тоа би му предизвикало низа тешкотии во ПСЖ. Lionel #Messi is decorated with a beautiful Arabian Bisht by His Highness the Amir Sheikh Tamim bin Hamad Al Thani and the FIFA President Gianni Infantino moments before the presentation of the FIFA World Cup trophy to the Argentine captain at Lusail Stadium.#WorldCupFinal #ARG pic.twitter.com/TrcCQsC71K — The Peninsula Qatar (@PeninsulaQatar) December 18, 2022 „Гледам дека некои од моите колеги дадоа изјави за овој случај и тоа е поради потполно незнаење. Доколку Меси не ја облечеше таа наметка, тоа ќе беше најголема навреда за катарскиот шеик и ќе дојдеше до дипломатски конфликт.“ изјави Панаит за романски Дигиспорт и додаде: „Јас, по шест години во Саудиска Арабија, сакам да кажам дека само владејачката класа ја носи таа наметка, само многу богатите луѓе, а кога ја добивате, тоа значи дека сте дел од нивното семејство, значи дека сте добредојдени во тој круг. Тоа е најголемиот можен чин на почит што ви е покажан. Кога емирот на Катар ви го нуди овој подарок, мислам дека никој не може да си дозволи да не го прифати. Меси е во ПСЖ, нели? Знаете ли кој е газда на ПСЖ? Кралското семејство, а не Насер Ал Хелаифи“, заклучил романскиот тренер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу малиСАД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи меркиНов ценовен шок за граѓаните - од утре за шест денари поскапува дизелот и ќе изнесува рекордни 101 денар за литар. Ова поскапување е директен удар врз ионака осиромашените семејните буџети на граѓаните. Поскапувањето на дизелот значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна. Цените на храната веќе се до плафон. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со кирија, а платите стагнираат. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок Инфацијата од 2,6% што денеска ја измери статистика, за граѓаните не значи поевтин живот. Цените веќе пораснаа. СДСМ постојано ја повикуваше власта да преземе мерки и предупредуваше дека еднаш зголемените цени, потоа нема да се вратат назад. Тоа и се случи - Цените не се вратија назад. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. На граѓаните не им требаат статистиките и проценти од Мицкоски. Нивната статистика е празниот фрижидер и паричник. Додека Мицкоски се фали со економски бројки, со некаква трета економија, граѓаните плаќаат поскапа храна, поскапи сметки и повисоки трошоци за живот. Мицкоски и неговата Влада, наместо мерки за граѓаните, трупаат нови долгови, врз грбот на граѓаните. За само две години создадоа нов долг од околу 4 милијарди. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра или над 65 % од БДП. Ова не се пари за мерки за граѓаните, ова се пари за криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПолитички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинствоИсториска победа за крајната десница во Германија. Алтернатива за Германија убедливо победи на покраинските избори во источногерманската покрајна Саксонија-Анхалт, но остана на само три пратенички места од самостојно мнозинство. АфД освои 43,8 проценти од гласовите и 39 од вкупно 83 места во парламентот во Магдебург повеќе од двојно од резултатот на изборите во 2021 година. АфД – 43,8% │ 39 места ЦДУ – 17,2% │ 15 места СПД – 9,3% │ 8 места ЗЕЛЕНИ – 8,9% │ 8 места ЛЕВИЦА – 8,6% │ 8 места БСЊ – 5,3% │ 5 места МНОЗИНСТВО – 42 МЕСТА АфД – НЕДОСТИГААТ 3 МАНДАТИ За мнозинство се потребни 42 пратеници. Иако АфД остана под таа граница, нејзиниот покраински лидер Улрих Зигмунд го оцени резултатот како јасен мандат за формирање влада и веќе се гледа себеси како иден премиер на Саксонија-Анхалт. -Овие историски избори не се единствено важни за Саксонија-Анхал, како што напомена Алис, битни се за цела Германија. Затоа сега овој моментум сакам да го искористам да испратам политичка порака до Берлин. Работите ќе се менуваат, тоа е реалноста не само за Саксонија-Анхалт, туку работите од овој успех ќе се менуваат и на федерално ниво – порача тој. Луѓето многу јасно покажаа дека конечно сакаат политички промени“, истакна претседателката на АфД на сојузно ниво, Алис Вајдел. -Со освоени 44 проценти од гласовите за АФД наспроти 17 проценти освоени на ЦДУ, можам да кажам дека партијата ЦДУ доживеа изборен дебакал. Резултат кој ќе се одрази и на федерално ниво – изјави таа. АфД, уште еднаш предупреди дека нема да се откаже од своите клучни програмски позиции. Партија е за драстично ограничување на имиграцијата и построг азил, обновување на односите со Русија и запирање на помошта за Украина. АфД е и за радикална реформа на ЕУ па дури и напуштање на Германија од Унијата. Но, изборната победа не значи автоматски и власт. Сите големи партии досега одбиваат коалиција со АфД. Сепак, изборниот земјотрес во Саксонија-Анхалт силно одекна и во Берлин. ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц падна на историски ниски 17,2 проценти, додека АфД првпат е толку блиску до преземање на извршната власт во една германска покраина. Клучното прашање е дали овој успех ќе остане регионален или ќе прерасне во уште посилен подем на сојузно ниво и закана за канцеларската функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12