Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
СветРоманија: Криза на доверба по поништуавње на изборите Уставниот суд на Романија ги прогласи претседателските избори за неважечки - поради руско влијание. Таа одлука има призвук на партиско влијание и ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во таа земја.DW Уставниот суд на Романија ги прогласи претседателските избори за неважечки - поради руско влијание. Таа одлука има призвук на партиско влијание и ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во таа земја. Не се гледа крајот на политичките турбуленции во Романија. Пред нешто помалку од две недели, Калин Георгеску, главно непознат кандидат на ТикТок кој се залага за десничарски, проруски и езотерични ставови, сосема неочекувано победи во првиот круг од претседателските избори. Сепак, помалку од 36 часа пред почетокот на вториот круг, романскиот Уставен суд го прогласи првиот круг од изборите за неважечки во петокот (6-ти декември). Тоа значи дека целиот процес на претседателските избори мора да се реорганизира. Таа одлука претставува кулминација на политичката криза од изминатите недели, чии последици се уште не можат целосно да се разберат. Уставниот суд ја донесе таа одлука откако првиот круг од изборите го прогласи за валиден на почетокот на неделата. Причината за промената се новите информации за влијанието на изборите преку TikTok, за финансирањето на кампањата на Георгееску и руското мешање во изборите. Во средата, актуелниот претседател на Романија, Клаус Јоханис, објави тајни разузнавачки документи кои содржат детали за тие случувања, од кои некои не се прецизирани. Така, во документите руското влијание врз изборите се споменува само индиректно, без експлицитно именување на Русија. Сепак, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот директно ја обвини Русија за мешање во романските претседателски избори. Одлуката на Уставниот суд предизвика поделени реакции во романската јавност и политика: едни изразија шокираност и згрозеност, а други ја поддржаа. Елена Ласкони, кандидатка која влезе во вториот круг од изборите и лидер на прогресивната либерална партија Унијата да ја спасиме Романија, одлуката ја нарече „нелегална и неморална“ и изјави: „Романската држава ја гази демократијата“. Актуелниот премиер и лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), Марсел Чолаку, кој долго време беше фаворит во првиот круг од изборите, изјави дека оваа одлука е „единственото правилно решение по објавувањето на тајните документи“. Според него, изборните резултати биле „очигледно искривени поради руското влијание“. Претседателскиот кандидат на десницата Калин Георгеску ја нарече одлуката на Уставниот суд „државен удар“ и во неговиот вообичаен стил коментираше: „Коруптивниот систем го покажа своето вистинско лице и склучи пакт со ѓаволот“. Сепак, склучив пакт со романскиот народ и со Бог.“ За „пуч“ зборуваа и други десничарски политичари, но од десничарската партија „Сојуз за обединување на Романците“ (АУР) сепак повикаа на нивните поддржувачи да се смират и да се воздржат од протести . Без немири, туку политичка парализа Кога романскиот претседател Клаус Јоханис даде изјава за одлуката на Уставниот суд во петокот вечерта, се чинеше дека се мачеше да ги најде вистинските зборови. Во краток говор, со тон кој звучеше круто и бирократски, тој изјави дека Романија е „стабилна, безбедна, демократска“ земја и дека „не е во неволја“. Јоханис најави дека во согласност со Уставот ќе остане претседател до инаугурацијата на неговиот наследник. И вети: „Ќе продолжам да и се посветувам на земјата како и досега“. Стравувањата од немири не се остварија во петокот вечерта. Во принцип, насилните конфликти се малку веројатни. Ужасните искуства за време на крвавото востание против диктаторот Чаушеску во декември 1989 година и хаотичните месеци што следеа, особено насилните маршеви на рударите од долината Џиу кон Букурешт, сè уште се трауматични за многу луѓе. Поголемиот дел од јавноста сака по секоја цена да избегне вакви сценарија. Романската жандармерија, која заедно со полицијата е одговорна за јавната безбедност и ред, во петокот негираше дека е ставена во состојба на готовност. Вистинската опасност, пак, е политичкиот вакуум во наредните месеци. Новиот круг претседателски избори најверојатно ќе се одржи дури во март. Актуелниот претседател Клаус Јоханис не е силен актер. Исто така, формирањето на новата влада по парламентарните избори одржани претходната недела (1 декември) може да потрае со месеци, бидејќи Романија останува во режим на изборна кампања. Ова и се заканува со подолга политичка парализа. Одлуката на Уставниот суд може дополнително да ја продлабочи длабоката криза на довербата на романското општество во државата и демократските институции. Пресудата од петокот е само последна во низата одлуки кои го дискредитираа судот - и судството воопшто - во очите на многу луѓе во Романија. На почетокот на октомври 2024 година, Уставниот суд ја исклучи екстремно десничарската претседателска кандидатка Дијана Сосоака од изборната трка, наведувајќи дека нејзините политички изјави се „некомпатибилни со вредностите на демократијата“ и дека го загрозуваат членството на Романија во ЕУ и НАТО. Во исто време, Кали n Георѓеску и водачот на АУР, Џорџ Симион, кои самите често ја критикуваат ЕУ и НАТО и ги величаат антисемитските легионерски фашисти на Романија од периодот меѓу двете светски војни, не беа исклучени од изборите. „Земја на неограничени можности“ Политичките гласини во Романија сугерираат дека владејачките социјалдемократи, кои доминираа во земјата и администрацијата 35 години, замислиле сценарио во кое премиерот и лидер на ПСД Марсел Чолаку и лидерот на АУР Симион ќе поминат во вториот круг од изборите - што Чолаку тогаш би победил. Сега многу Романци се убедени дека Уставниот суд уште еднаш делуваше како продолжена рака на политичкиот естаблишмент - откако ништо не одеше според планот во првиот круг од претседателските избори, па на крајот Георгеску заврши на првото место, а Елена Ласкони на второто место. Ако сакаме да им веруваме на приказните од маргините, пред се Елена Ласкони претставува закана за старите системски партии, бидејќи таа и нејзината партија сериозно ја сфаќаат борбата против корупцијата и другите неопходни реформи. Угледната романска адвокатка и поранешна судијка Кристи Данилет, која долги години е активна во граѓанските организации, на Фејсбук саркастично ја коментираше одлуката на Уставниот суд: „Судот донесе принципиелна одлука која може да ги исправи сите грешки“. Романија стана земја со неограничени можности“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБогдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво РангеловиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЦвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се превисоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања. Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно? Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“? Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна. Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената. Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето. Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања. Треба ли мажот да ја плати вечерата? Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи. Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата. Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската. Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин. Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“. Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот. Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе. Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди? Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа. Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава. Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа. Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЖивотОткриено е колку би требало да трае една работна недела (не е 40 часа)Во Американскиот конгрес е претставен нов предлог-закон, со кој се бара да се скрати стандардната работна недела од 40 на 32 часа. Иницијативата на сенаторот Берни Сандерс и претставникот Марк Такано предвидува на вработените да им се плаќа прекувремена работа за секој работен ден подолг од осум часа. Промената би се воведувала постепено во текот на четири години, пишува The Independent. Потрага по идеален број часови Иако предлогот се однесува на 32 часа, се поставува прашањето дали навистина ова е идеалната мерка. Економистите од Универзитетот Дјук утврдија дека „оптималната“ работна недела за благосостојба на вработените е поблиску до 37 часа. Сепак, посочуваат дека позитивното влијание врз квалитетот на животот би се почувствувало и со 32-часовна работна недела. „Нивото на подобрување на квалитетот на живот зависи првенствено од тоа дали овие промени директно ќе влијаат на работниците кои моментално работат исклучително голем број часови“, напишаа истражувачите во нивната студија од 2025 година. Своите наоди тие ги засноваат на податоци собрани од работници во Германија, кои, како и Американците, често работат повеќе од 40 часа неделно. Американскиот стандард и пракса Податоците откриваат значителна разлика во работните навики. Студија од 2016 година на Државниот универзитет во Аризона покажа дека американските работници поминуваат дури една четвртина повеќе време на работа отколку вработените во Европа. Според извештај на „Галуп“ (Gallup) од 2025 година, просечен Американец вработен на полно работно време работел приближно 43 часа неделно во текот на 2024 година. Стандардот за 40-часовна работна недела е во сила во САД уште од 1940 година, кога беше извршена измена на Законот за правични работни стандарди (Fair Labor Standards Act). Влијание врз здравјето и продуктивноста Стручните лица предупредуваат дека работна недела од 40 часа или повеќе може да има негативни последици. Долгите работни часови се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања. Студија спроведена во Франција во 2019 година покажа дека поединците кои работат барем еден десетчасовен ден неделно, во просек се соочуваат со една третина поголем ризик од мозочен удар во споредба со оние кои не работат редовно толку долги смени. Овој ризик беше најизразен кај лица помлади од 50 години. Покрај здравјето, подолгите работни часови влијаат и на ефикасноста. Студија од Универзитетот Стенфорд од 2013 година укажува на тоа дека продуктивноста почнува да опаѓа по 50 часа работа неделно. „Автомобилот не функционира најдобро кога резервоарот му е празен“, објаснил минатата година психологот д-р Адам Борланд од Клиниката во Кливленд (Cleveland Clinic). Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook