1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
ФудбалРома подготвува нов договор за РаниериДоаѓањето на Клаудио Раниери на клупата на Рома го прероди тимот од италијанската престолнина.Од доаѓањето на искусниот 73-годишен стручњак, „римската волчица“ освои 30 бода и сериозно се доближи до лидерската позиција во Европа во Серија „А“. Рома е и во осминафиналето на Лига Европа и не е изненадување што навивачите се воодушевени од настапите на тимот под водство на Раниери. Договорот со челниците на клубот беше Клаудио да биде на клупата само до крајот на оваа сезона. Сепак, Рома веќе се подготвува да му понуди договор за сезоната 2025/26. Сега се очекува одлуката на Раниери. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: На увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километриГрадоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри и цевки со профил Ф100.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри и цевки со профил Ф100, почнувајќи од Западен Булевар до влез во село Сопот. Со оваа реконструција се овозможи подобро и постабилно водоснабдување за жителите на село Сопот, зголемена сигурност на системот, намалување на загубите на вода и модернизација на комуналната инфраструктура, напиша на фејсбук, првиот човек на Кавадарци,Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Орце е градоначалник за билборди наместо за решавање на проблемите на скопјаниОрце е градоначалник за билборди наместо за решавање на проблемите на скопјани.Добредојдовте кај Орце. Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос. Наместо решенија за овие проблеми, добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ што личи на вијадукт и белградски храм сред Скопје. Орце Ѓорѓиевски не се занимава со проблемите на скопјани, не се занимава со јавниот превоз, со хигиената, со депониите. Се занимава со сопствената промоција. И по срамот што го виде целата јавност, сè уште нема одговор на најважните прашања. Кој го изработил овој срамен билборд? Колку пари се платени? Дали некој ќе сноси одговорност за очигледно лошо извршената работа? Градоначалникот молчи. Наместо отчет, добиваме прикривање на информациите. Дополнително, Орце Ѓорѓиевски се обидува да ја убеди јавноста дека новото решение било бесплатно затоа што не го платил печатењето и поставувањето. Но, ништо не е бесплатно. Јавното комунално претпријатие не работи бесплатно. Неговата работа ја плаќаат граѓаните на Скопје. Секој денар што се троши е денар од нивниот буџет. Нема ништо џабе, Орце. Ниту AI-билбордите, ниту коњите со пет нозе. Сè е платено со парите на скопјани. Скопје не заслужува ваков градоначалник кој наместо со проблемите на скопјани се занимава само со себе. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринската управа започнува зајакнати контроли на пловни објекти на Охридското езероЦаринската управа започнува зајакнати контроли на пловни објекти на Охридското езеро - апел до сопствениците да го регулираат царинскиот статус на пловилата.Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на пловила за кои не е спроведена соодветна царинска постапка, истата да ја регулираат во најкус можен рок. Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата, до нивно целосно исполнување согласно законските овластувања. Предмет на контрола ќе бидат и пловните објекти на нерезидентите чија употреба е регулирана со дозвола за привремен увоз, по што мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка. Воедно ќе се контролира и исполнетоста на условите за управување со пловилата, односно дали тие се управувани исклучиво од лица кои имаат законско право на тоа. Царинската управа продолжува со спроведување редовни контролни активности со цел обезбедување доследна примена на прописите за привремен престој и користење на странски пловни средства. Ги повикуваме граѓаните и странските државјани да постапуваат согласно важечките царински регулативи и навремено да го усогласат статусот на своите пловни објекти.Тагови: охрид царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53