Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
1Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
ФудбалРома ја прифати понудата од 75 милиони евра на Ливерпул за АлисонФиналистот во Лигата на шампионите, Ливерпул постигна договор со Рома за трансфер на бразилскиот голман на „волците“ Алисон, јави Би-Би-Си.Италијанскиот клуб ја прифатил понудата на англискиот гигант во вредност од 66,8 милиони фунти (75 милиони евра). Сега претстои Ливерпул да одржи преговори со Алисон за личните услови на голманот, кој импресионира со настапите во минатата сезона и им помогна на „волците“ да стигнат до полуфиналето на Лигата на шампионите. Таму екипата на Рома беше запрена токму од Ливерпул. Алисон игра во Рома од 2016 година, кога Италијанците го купија за седум милиони евра од бразилскиот клуб Интернасионал. Дваест и петгодишниот голман има 31 натпревари за националниот тим на Бразил и беше првиот голман на „Селесао“ на Мундијалот 2018. Ако трансферот биде реализиран, тоа ќе биде рекордна сума платена за голман во историјата. Актуелниот рекорд е 53 милиони евра, кои Јувентус и ги плати на Парма за Џанлуиџи Буфон во 2001 година. Рекордот на Премиер лигата пак е 40 милиони евра, кои Манчестер Сити ги извади минатото лето за Едерсон, за да го купи од Бенфика. Интерес за Алисон има и од друг водечки англиски клуб - лондонски Челзи, но по се изгледа дека Бразилецот ќе заигра на „Енфилд“ од новата сезона. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и КосовоДвајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка.Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција. Министерот Серафимовски истакна дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор. „За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството. Со редовна институционална координација и почитување на стандардите за квалитет создаваме услови за развој на трговската размена. Во таквата соработка гледаме заеднички интерес за производителите, компаниите и потрошувачите во двете земји“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства. „Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Заменик-министерот Албрим Хоџа ја нагласи важноста на непосредната соработка меѓу надлежните органи, со посебен осврт на трговијата со млеко и млечни производи. „Соработката меѓу нашите институции треба да биде директна, брза и заснована на меѓусебна доверба. Кога станува збор за безбедноста на храната, особено за млекото и млечните производи со кои се тргува меѓу двете земји, важно е секое прашање да се разгледува врз основа на целосната документација, лабораториските резултати и континуираната комуникација меѓу надлежните органи. Нашата заедничка цел е јасна, заштита на потрошувачите и истовремено создавање услови за безбедна и непречена трговија меѓу Северна Македонија и Косово “, рече заменик-министерот Албрим Хоџа. На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаТрајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креаториЗаменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на втората Конференција посветена на женското лидерство, организирана од Владата на Република Србија. На конференцијата свое обраќање имаше и поранешната прва дама на Република Србија г-ѓа Тамара Вучиќ, на кој беа отворени прашања од значење за унапредувањето на улогата на жените во лидерството, политиката, економијата и општеството. Во своето учество, заменик-министерката се осврна на потребата од создавање нова генерација жени лидери и посилно регионално поврзување, истакнувајќи дека иднината на Западен Балкан зависи и од квалитетот на соработката меѓу жените од регионот. „Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку и креатори на политиките“, порача проф. д-р Трајков, нагласувајќи дека политичкото учество на жените не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на квалитетот на демократијата. Таа посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, но токму заедничките искуства претставуваат можност за градење регионални решенија. Како особено важни области за соработка ги издои образованието и развојот на вештините, економското зајакнување и претприемништвото, политичкото учество на жените, дигиталната трансформација и пристапот до новите технологии, како и спречувањето и борбата против насилството врз жените и девојчињата. Заменик-министерката за европски прашања посебно ја нагласи важноста на менторството и поддршката на младите жени, посочувајќи дека жените кои денес се на лидерски позиции имаат одговорност да го пренесат своето знаење и искуство на генерациите што доаѓаат. „Кога една жена ќе успее, таа треба да ја отвори вратата за друга“, истакна проф. д-р Трајков, нагласувајќи ја потребата од создавање систем во кој младите жени ќе имаат пристап до образование, менторство, професионални мрежи, лидерски можности и процесите на донесување одлуки. Во контекст на технолошкиот развој, заменик-министерката за европски прашања се осврна и на можностите и ризиците што ги носат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Таа порача дека жените не треба да бидат само корисници на новите технологии, туку и нивни креатори, иноватори, истражувачки, претприемачки и носители на одлуки. На настанот беше истакнато и значењето на партнерствата меѓу институциите, бизнис-секторот, академската заедница, граѓанското општество и младите, како основа за создавање поинклузивна иднина. „Нашата иднина не е однапред напишана. Ние ја испишуваме. И ако ја испишуваме заедно, таа ќе биде посилна, поправедна и поуспешна“, порача проф. д-р Трајков, повикувајќи на посилна регионална мрежа на жени кои заеднички ќе создаваат нови можности и ќе придонесуваат кон развојот на своите општества. Учеството на заменик-министерката проф. д-р Трајков на настанот во Белград претставува можност за дополнително зајакнување на регионалниот дијалог и размена на искуства во областа на женското лидерство, со посебен фокус на младите жени и нивната активна улога во креирањето на иднината на регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаСДСМ: Спутникот на Мицкоски - Левица не гласаше за повисока минимална платаКога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата.Заедно со пратениците на ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН кои не гласаа за, а во салата не беа ниту пратениците на ДУИ. За повисока минимална плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата и пратеникот Миле Цеков. Уште еднаш се потврди дека СДСМ е единствена вистинска опозиција која искрено се бори за работниците, за граѓаните и против криминалот на арамијата Мицкоски. Спутникот на Мицкоски, неговата партија на далечинско -Левица работи само под команда. Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица. Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата. Не влегоа во салата, не дадоа ниту еден глас за повисока минимална плата. И тоа на кој ден? Токму на Светскиот ден за пристојна работа. Левица е партија за ништо, против НАТО, против ЕУ, со лажни работнички пароли. Работниците не живеат од пароли. Не ги плаќаат сметките со соопштенија и не ги полнат фрижидерите со политички претстави. Им треба повисока плата. СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата, за работниците, за граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08