Ролат од тиква со крем од костени - Канал 5

Ролат од тиква со крем од костени

Совршена есенска слатка магија! Овој мек и миризлив ролат од тиква е наполнет со богат крем од костени и е идеален за послужување на семејни собири или празнични трпези. 

Ролат од тиква со крем од костени

Комбинацијата од природната сладост на тиквата и неодоливиот вкус на костени создава десерт што ќе ги освои сите.

Потребни состојки:

3 јајца

150 грама шеќер

120 грама брашно

1 кесичка пудинг од ванила

1 лажичка прашок за печиво

Прстофат сол

150 грама пире од тиква

500 грама пире од костени (може и готово)

400 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Тиквата исечкајте ја на коцки и сварете ја на пареа, па пасирајте ја во пире. Загрејте ја рерната на 180°C.

Подгответе плех (30 x 38 см) со хартија за печење.

Во една сад измешајте ги сите суви состојки: брашното, пудингот, прашокот за печиво и солта.

Во друг сад, матете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол околу 8 минути, додека не добиете светла и пенеста смеса.

Постепено додавајте ги сувите состојки, потоа додадете го пирето од тиква, внимателно мешајќи за да се соедини смесата.

Излејте ја смесата во плехот и печете 12–14 минути. Веднаш штом е печено, превртете го тестото на влажна кујнска крпа посипана со шеќер во прав, тргнете ја хартијата и внимателно завиткајте го ролатот од пократката страна. Оставете да се излади целосно.

Изматете ја слатката павлака до цврст шлаг. Додајте го костен пире и соединете во мазна крема.

Изладениот ролат внимателно одмотајте го. Премачкајте го со кремот од костени. Повторно завиткајте го и оставете го во фрижидер неколку часа за да се стегне. По желба, декорирајте со остатокот од кремот или со шеќер во прав.

Совет: За уште повпечатлив изглед и вкус, украсете со малку цимет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.

Поплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)

Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет.

Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик.

Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф.

Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море.

Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час.

Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ.

Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби.

На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. 

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции.

Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.

Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер