ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
РецептиРолат од мелено месо со јајцаОвој ролат од мелено месо е класично и заситно јадење, идеално за семеен ручек или свечена трпеза. Со едноставни состојки и богата внатрешност од варени јајца, добивате вкусен и декоративен оброк што одлично се комбинира со разни прилози. Состојки: 250 грама мелено месо 1 мала главица кромид 2–3 чешниња лук црвена пипер (по вкус) зачинал (по вкус) Црн бибер (по вкус) 2 јајца 4 лажици презла 3 варени јајца 1 јајце 1 лажица кисела павлака Подготовка: Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Додајте ги во меленото месо заедно со 2 јајца и добро измешајте. Потоа зачинете соцрвена пипер, зачинал и црн бибер, па додајте ја презлата. Смесата убаво соединете ја додека не стане компактна и хомогена. (По желба, сè може да се подготви во сецко за порамномерна текстура.) Доколку смесата е премногу мека, додајте уште малку презла и повторно измешајте. Варените јајца излупете ги. Месната смеса развлечете ја во правоаголна форма врз хартија за печење. Во посебен сад изматете 1 јајце со киселата павлака. Со половина од оваа смеса премачкајте ја површината на месото. Варените јајца наредете ги по средината или по едниот раб од месото. Со помош на хартијата внимателно свиткајте во ролат, затворајќи го добро од сите страни за да не се отвори при печењето. Целиот ролат премачкајте го со остатокот од смесата од јајце и павлака. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C, додека ролатот не добие убава златна боја и целосно се испече. Ролатот е одличен во комбинација со компири, ориз, грашок или сезонска салата. Може да се послужи и топол и ладен, исечен на убави парчиња.Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалогНастанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси. Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа. На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества. Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции. Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности. Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници. На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири. Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици. Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби. На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите. Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ЊокиВо понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. њоки 100 мл. павлака за готвење 5 - 6 сушени домати 1 чешне лук малку пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54