Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
1Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
Шоу бизРоки се прости од Аполо со емотивно видео: „Продолжи да удираш“Силвестер Сталоне проговори за смртта на колегата од Роки, Карл Ведерс. Тој објави емотивно видео во кое ги задржува солзите додека се сеќава на нивната соработка.„Вчера изгубивме легенда. Животот ми се промени засекогаш кога го запознав Карл Ведерс. Одмори се и продолжи да удираш“, порача тој на видеото на кое стои пред сликата од нивната позната борба во Роки. "Денес е неверојатно тажен ден за мене. Толку сум растргнат што не можам ни да го опишам. Карл Ведерс беше составен дел од мојот живот, мојот успех. Кога влезе во таа соба и го видов за прв пат , видов величина. Но, не сфаќав колку е прекрасна. Никогаш немаше да го имам успехот на Роки да не беше тој“, изјави Сталоне. "Тој беше волшебник. Бев многу среќен што сум дел од неговиот живот. Аполо, продолжи да удираш", заклучил тој. Карл Ведерс почина вчера на 77-годишна возраст. View this post on Instagram A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНад 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026 Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25 септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање.Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин дигитализацијата и вештачката интелигенција го трансформираат кредитирањето? Ова се дел од клучните прашања што ќе бидат во фокусот на третото издание на меѓународната конференција MicroBalkans 2026, која на 24 и 25 септември во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје ќе собере повеќе од 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји. Под мотото „Lending Reimagined “, конференцијата ќе ги обедини финансиските институции, регулаторите, експертите, инвеститорите, компаниите и иноваторите во разговор за промените што веќе ја обликуваат финансиската индустрија – од дигитализацијата на кредитирањето и примената на вештачката интелигенција, до пристапот до капитал, европската регулатива и развојот на одговорни, одржливи и поинклузивни финансиски решенија. Свои воведни обраќања на конференцијата ќе имаат гувернерот на Народната банка на Македонија и министерот за информатичко општество и дигитална трансформација, а се очекува учество и на други истакнати претставници и реномирани експерти од финансискиот сектор од регионот и Европа. Активно учество ќе земат и небанкарските и микрокредитните институции од земјите на Западен Балкан, членки на Алијансата, со што дополнително се потврдува регионалниот карактер и значењето на MicroBalkans 2026 како платформа за размена на искуства, регионална соработка и развој на финансискиот сектор. Конференцијата ја организираат Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија и штедилниците, во партнерство со Western Balkans Alliance и European Microfinance Network. „Финансискиот сектор веќе не разговара дали ќе се трансформира, туку колку брзо и одговорно ќе го направи тоа. MicroBalkans сака Скопје да биде едно од местата каде што ќе се води тој разговор – меѓу банките, штедилниците, небанкарските финансиски институции, микрокредитните институции, регулаторите, инвеститорите и останатите чинители кои можат заеднички да создаваат подобар пристап до финансии и поконкурентен финансиски сектор“, истакнуваат организаторите. Од вештачка интелигенција до нови модели на финансирање Во текот на дводневната програма, преку панел-дискусии, работилници и експертски сесии, MicroBalkans 2026 ќе отвори дел од најактуелните прашања што ја определуваат иднината на финансискиот сектор. Во фокусот ќе бидат дигитализацијата на кредитирањето, примената на вештачката интелигенција и новите технологии, пристапот до капитал, новите модели на финансирање за микро, мали и средни претпријатија, регулаторните промени на европско ниво и одговорното дигитално задолжување. Еден од важните фокуси ќе биде финансиската инклузија – како финансиските услуги да станат подостапни и како микрофинансирањето, во соработка со банкарскиот сектор, може да придонесе за развојот на претприемништвото, малите бизниси и локалните економии. Скопје како точка на регионалниот финансиски дијалог MicroBalkans 2026 има амбиција да биде простор на кој регионалното искуство ќе се сретне со европските финансиски трендови и во кој различните делови од финансискиот екосистем ќе можат директно да разговараат за конкретни решенија, партнерства и идни модели на соработка. Конференцијата е наменета за претставници на небанкарските финансиски институции, микроекредитните институции, штедилниците, банките, микро, мали и средни претпријатија, финтек и ИТ компании, инвеститори, развојни финансиски институции, регулатори и други релевантни чинители. MicroBalkans 2026 не е само конференција за финансискиот сектор. Тоа е регионална платформа за креирање на иднината на кредитирањето – поинклузивна, подигитална, поодржлива и подобро поврзана со европскиот финансиски пазар. Пријавувањето за учество е отворено. За повеќе информации, програмата и регистрација, заинтересираните можат да ја посетат официјалната веб-страница на MicroBalkans 2026 и официјалните профили на конференцијата на социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Центар со ексклузивна поддршка за македонската музичка сцена по повод 50 години постоење Четврто издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“: Општина Центар со ексклузивна поддршка за македонската музичка сцена по повод 50 години постоење.Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј - 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствена општина што преку овој настан недвосмислено ја застапува и поддржува домашната култура, ангажирајќи исклучиво македонски уметници и музички изведувачи. Преку оваа традиција во фокус остануваат промоцијата и поддршката на македонската музичка сцена и домашниот автентичен звук. Годинава на настанот ќе учествуваат гигантите на домашната урбана сцена. Публиката ќе има ретка можност да ужива во ексклузивниот скопски настап на популарното дуо „Дупер“, а енергијата до максимум ќе ја издигнат Слаткар, еден од највлијателните хип-хоп артисти на нашите простори, како и хитмејкерите 2 Бона. Покрај нив, сцената ќе ја збогатат и извонредните вокали Лина Пејовска и Барбара Поповиќ. Диригентската палка на целовечерната програма ќе биде во рацете на омилениот и незаменлив македонски актер Сашко Коцев. Со својот препознатлив хумор, непосредност и уникатен шарм, Коцев ќе се погрижи за атмосферата меѓу настапите и ќе ја води публиката низ сите изненадувања на оваа јубилејна вечер. „Овој хепенинг е подарок за сите жители на Центар и Скопје - вечер посветена на заедништвото, позитивната енергија и поддршката на нашите музички таленти“, вели градоначалникот Горан Герасимовски. Со „Нешто што ќе остане“ ќе се забавуваат сите генерации. Ве покануваме заедно да го прославиме овој важен јубилеј и да создадеме уште една вечер што ќе се памети!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРоналдо му изразил сочувство на Меси по смртта на неговиот таткоГолеми ривали, но и големи луѓе. Двете големи фудбалски ѕвезди кои со своето ривалство на зелениот терен ги одбележаа последните 15 години во светскиот фудбал Португалецот Кристијано Роналдо и аргентинскиот волшебник Лионел Меси покажаа дека нивното ривалството е само на теренот не и во приватниот живот. Португалецот Кристијано Роналдо упати сочувство до Лионел Меси и неговото семејство. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, испратил порака за поддршка до Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе. Најважниот човек во животот на аргентинскиот волшебник почина на 69-годишна возраст, по борба со тешка болест. Ситуацијата за семејството Меси била многу тешка уште за време на Светското првенство, а трагичната вест пристигнала овој викедн во саботата. Сочувство до Лионел пристигнуваа од сите страни, а посебно внимание привлече емотивната порака од Кристијано Роналдо, со кого водеше големи битки на теренот, како и трката за титулата „најдобар на сите времиња“ (GOAT), која ја подели фудбалската јавност. „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овој тежок момент, Лео. Остани силен“, му порача Роналдо на Меси.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook