Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ - Канал 5

Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ

Реформите во јавните финансии се клучен чекор за секоја држава што се подготвува за членство во ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет. 

Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ

На презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, Рокас напомена дека носителите на политики треба да ги сметаат фискалните совети како клучна цел во процесот на донесување на јавните политики. Фискалните совети, рече, поттикнуваат јавни дебати за фискални прашања и транспарентност што им овозможува на граѓаните и деловните субјекти, како и на инвеститорите подобро да ја разберат фискалната и финасиската состојба во нивните држави. Во овој контекст тој го поздрави формирањето на Фискланиот совет во земјава, како и напорот за јакнење на неговиот капацитет и мандат.

Рокас потсети дека во ЕУ, целта на фискалните совети е да вршат независен надзор и да го следат придржувањето кон фискалните правила што значи, како што истакна, да се избегнуваат преоптимистичките владини проценки или неодржливите планови за јавните трошоци кои може да доведат до фискални дисбаланси.

-Од 2018 година поддржуваме реформи во јавните финансии со проекти од околу 13 милиони евра. Основањето на Фискалниот совет во 2023 година беше значајна пресвртница во усогласувањето со рамката за економско упраување. Носителите на политики треба да ги сметаат фискалните совети како клучна цел во процесот на донесување на јавните политики и затоа, зајакнувањето на фискалните совети низ целата ЕУ се смета како клуч за фискална стабилност, напомена евроамбасадорот.

Според него, фискалните совети во бројни држави се соочуваат со предизвици, а нивната делотвореност зависи од нивната независност.

-Очекуваме парламентите да бидат важни ресурси кои ќе работат со реални очекувања и проценки. Улогата на фискалните години се засили уште повеќе за време на кризите. Енергетската криза ја нагласи потребата од нивната улога, истакна Рокас.

Презентацијата „Фискално управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет“ почна со воведни обраќања на претседателите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, Сања Лукаревска и Бојан Стојановски.

Лукаресвка потенцира дека само со почитување на фискалните правила и нивна имплементација ќе имаме стабилна економија. Фискалниот совет, дополни, мора да ја зацврсти својата улога и да продолжи со заложба за транспарентност на владините политики.

-Клучни карактерсистики за негова ефикасност е политичката независност, пристап до информации и можност за јавна дебата за економската политика и регулатива, рече Лукаревска која се осврна и на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, порачувајќи дека земјава, и покрај тоа што беше исправена пред многу предизвици, мора да ја спроведе реформската агенда во јавната администрација, дигитализацијата, зелената енергија, човечкиот капитал и владеењето на правото. Според Лукаревска, државава не смее да импровизира со средствата од Планот за раст.

Претседателот на Комисијата за економски прашања Бојан Стојановски истакна дека Фискалниот совет е тело за пример со членови кои се експерти во областа. Вратата на Собранието, нагласи, е секогаш отворена за соработка.

На презентацијата зборуваше и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава Масимилиано Паолучи.

По презентацијата во Собранието, Фискалниот совет, во соработка со Светска банка, организира и конференција за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет. Конференцијата е финансирана од Фондот за доверба на Европската унија за зајакнување на фискалното управување во Западен Балкан.

ВРЕДИ: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава

ВРЕДИ денес повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. 

ВРЕДИ: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава

ВРЕДИ е обединето тело кое дејствува одговорно кон граѓаните и со решителност на политичката сцена.

Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВРЕДИ се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори. Ова докажува дека ВРЕДИ не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината.

Денес, ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство и новиот пат на управување што се воспоставува во земјата. Ние сме посветени на унапредување на интересите на албанците, борба против корупцијата и овозможување државата да биде функционална за сите граѓани.

Во наредните денови се очекуваат нови политички случувања што дополнително ќе ја зајакнат водечката улога на ВЛЕН во албанскиот блок и ќе ја позиционираат како авангардна сила на промените на албанската политичка сцена.

ВРЕДИ не се плаши од старите политички превирања. ВРЕДИ е токму земјотресот што го соборува скапаниот систем на ДУИ и го носи новиот дух на достоинствено, чесно и храбро претставување.

ВРЕДИ

ВМРО-ДПМНЕ: Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни

Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни

Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа.

Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа.

Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови.

Така и со пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица.

Во петокот, тетовскиот суд донесе скандалозна и срамна пресуда каде што поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми ги осуди на по една и пол година затвор.

Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и кои со правење или не правење придонеле за трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се само поранешни директори на болницата, а казната е минорна.

Ваквите пресуди покажуваат дека луѓето блиски до СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законот правдата не ги стигнува, па така за кубење на косата на Шекеринска казна затвор од четири години, за изгорени 14 лица во моруларната, казна затвор во траење од година и пол.

Оваа срамна пресуда е доказ дека СДС и ДУИ го контролираат правосудниот систем, а судиите одлучуваат по нивна волја, а не според закон и правни норми.

Пресудата за Модуларната болница за поранешните директори е параван на СДС и ДУИ некој да се пушти низ вода и да се осуди на минимална казна, за да се спаси еден од најодговорните, Венко Филипче.

Во моментот на несреќата, Филипче беше министер за здравство и одговорен за функционирањето на болниците низ државата, особено за модуларните во чие време е реализиран тендерот за нивно поставување.

Правосудниот систем треба да се исчисти од луѓето во правосудниот систем, кои наместо да носат правда, штитат лица од СДС и ДУИ огрешени пред законот. Но, таму има чесни, професионални и луѓе со интегритет за кои законот е светост.

Време е за одговорност и за правна држава.

ВМРО-ДПМНЕ

Видео: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Видео: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а двајца „за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на X.

Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на X, пренесена од германската агенција.

Морнарицата додава дека никој од бродот не паднал во вода заради ударот во мостот.

Бродот „Куаутемок“ е оштетен во несреќата, додаде морнарицата.

Бродот бил во Њујорк на промотивна посета и бил на пат кон Исланд кога се случил судирот, соопшти полицијата на прес-конференција.

Шефот на полицијата Вилсон Арамболес изјави дека првичните информации за причината за судирот укажуваат на механички проблем.

Градоначалникот Адамс рече дека бродот „ја изгубил моќноста“, што довело до судир со мостот, пренсеува ДПА.

Полициската комесарка Џесика Тиш изјави дека е започната целосна истрага. Њујоршката полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа околу мостот.

Непроверени видео снимки на социјалните мрежи покажаа како бродот се судира со мостот додека минува под него, предизвикувајќи кршење на јарболите на бродот.

Бродот со три јарболи беше спуштен во вода во 1982 година и е долг околу 90 метри со висина на јарболот од околу 48 метри. /МИА

притисни ентер